
As of 19 September, Jamie Karamatic officially assumed the role of General Director of Sasa, the lead and zinc mine…
Добредојдовте во рудникот Саса
Рудното наоѓалиште Саса е откриено за време на истражување помеѓу 1954 и 1965 година. Во 1965 е отпочнато со пробна експлоатација, а во 1966 година рудникот започнал со комерцијално производство на руда, како фирма во државна сопственост. Рудникот се затворa во 2003 година и фирмата оди во стечај поради недостаток на финансирање.
Групацијата „Солвеј Инвестментс“ го купува рудникот, инвестира во нова опрема и рудникот продолжува со работа во 2006. „Солвеј груп“ подоцна го продава Рудникот на Фјужн Капитал и Групацијата „Орион Маин Фајненс“ во 2015 година.
Во 2017, Централ Азиа Металс го купува Рудникот Саса.
Безбедноста е наша суштинска вредност и ние сме целосно посветени кон заштита на здравјето и благосостојбата на нашите вработени. Работиме напорно за да ги следиме, процениме и ублажиме сите ризици кои потенцијално можат да и причинат повреда на нашите вработени.Се стремиме кон тоа секој поединец во компанијата да разбере дека безбедноста е и негова одговорност.
Поттикнуваме отворена и конструктивна комуникација со членовите на тимот и ја цениме соработката.Транспарентноста ја постигнуваме преку искрена, правична и отворена комуникација со сите клучни засегнати страни изградена на споделување информации, јасност и точност. Отворени сме да ги препознаеме нашите грешки и да ги подобриме практиките.
Преземањето одговорност за одржлив развој е нашата основна цел. Се стремиме позитивно да влијаеме врз нашите вработени и локалните заедници, притоа минимизирајќи ги влијанијата врз животната средина.
Го охрабруваме нашиот тим да ги прифати промените и да се посвети и продолжи да ги користи технологијата и иновациите за да ги подобриме нашите операции. Овој пристап ни помага мудро и ефикасно да ги користиме нашите ресурси за да постигнеме долгорочно одржливо производство.
As of 19 September, Jamie Karamatic officially assumed the role of General Director of Sasa, the lead and zinc mine…
По повод 28 август - Денот на македонските рудари и двојниот празник на Македонска Каменица, Рудник САСА продолжи со...
По повод Светскиот ден на животната средина, кој годинава е посветен на справувањето со загадувањето од...
In line with its ongoing commitment to supporting the local community, Sasa Mine, through its Foundation for sustainable development, has…
Директорот за Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов и генералниот директор на Рудник Саса
Фондација САСА започнува со реализација на нова иницијатива за создавање и поддршка на развојот на мали одржливи бизниси ...