top of page
3S7A0180.jpg

ЗА НАС

Рудниот депозит на Саса е  откриен за време на истражување помеѓу 1954 и 1965 година.  Во 1966 година рудникот започнал со комерцијално производство на руда, како фирма во државна сопственост.  Рудникот се затворa во 2002 година и фирмата оди во стечај поради недостаток на финансирање. 

Групацијата „Солвеј Инвестментс“ го купува рудникот, инвестира во нова опрема и рудникот продолжува со работа во 2006. „Солвеј груп“ подоцна го продадава Рудникот на Фјужн Капитал во 2015 година. 

Во 2017 година, Централ Азија Металс станува сопственик на Рудник Саса.

826,421 T 

Добиена руда во 2020

820,215 T

Преработена руда  во 2020

29,741 T

Олово во концентрат 2020

23,814 T

Цинк во концентрат 

2020

МЕТАЛИЧНИ РУДИ ПОТРЕБНИ ЗА СОВРЕМЕНОТО ЖИВЕЕЊЕ

Современото општество се повеќе зависи од новата технологија. Светот се повеќе се оддалечува од фосилните горива и изнаоѓа обновливи извори на  енергија,  два фактори кои носат зголемена побарувачка за одредени метали, како што е цинкот.

Со одржливоста што сега зазема централна улога во корпоративниот свет, важно е да и се оддаде признание на рударската индустрија за позитивностите што ги носи во општеството. Скоро секој минерал и метал што се користи во современиот свет е производ на некаква форма на рударство.

1X9A0205 r1.jpg
Lead.jpg

ОЛОВО

Оловото е основна состојка во акумулаторите со киселина, што се користат во моторните возила. Над 80% од глобалната побарувачка за олово е наменета за произвдството на акумулатори. Оловните акумулатори се исто така многу ефикасни за зачувување на енергија произведена од чисти, зелени извори на енергија, како што е енергијата од ветер и соларна енергија.


Во моментов, милијарда возила ширум светот користат акумулатори со киселина, Со ваквиот транспорт на луѓе и стоки се поттикнува економскиот раст и развој ширум светот.

zinc.jpg

ЦИНК

Околу 50% од цинкот во глобални рамки се користи за галванизација, при што на челикот или железото им се нанесува заштитна обвивка од цинк. Галванизацијата го штити челикот или железото со тоа што спречува корозивните материи да стигнат до нив. 

Долготрајнатa издржливост обезбедена преку галванизација, се постигнува со ниски последици по животната средина,  неколку спроведени студии покажаа дека има високи економски и еколошки трошоци за постојано одржување и замена на челични конструкции, кои не се галванизирани.

3S7A5401.jpg

ПРОИЗВОДСТВО

Рудник САСА има стабилно производство од 820.000 тони годишна количина добиена и транспортирана руда, со содржина на метал во рудата Pb+Zn од 7,0 до 7,5%, притоа користејќи најсовремена опрема која одговара на највисоките бебзедносни стандарди.


Процесите во јама се спроведуваат 24/7,  во четири сменски систем,  357 денови во годината.

ПОГОН ЗА ПРЕРАБОТКА

Во современиот погон „Флотација“, годишно се преработуваат 800.000 тони руда и се добиваат од 26,000 до 30,000 тони олово во концентрат и од 21,000 до 25,000 тони цинк во концентрат.

Processing plant
DJI_0194.jpg

НАШИТЕ ХИДРОЈАЛОВИШТА

Со хидројаловиштата во Рудник САСА се управува во согласност со одредбите од националното законодавство и највисоките меѓународни стандарди.

 

Рудник САСА е првиот рудник во Република Северна Македонија кој има добиено А-интегрирана еколошка дозвола од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.

bottom of page