почеток контакт english
За нас Социјални ефекти од бизнисот Трудови Наша работа Програми
 
 
     Новости
     Медиумите за нас

прирачник за интегрираниот систем за управување на процесите

политика за квалитет и заштита на животната средина

   >> Социјални ефекти од бизнисот

Социјална политика

Решавачки услов за успешна дејност на една индустриска компанија е ефективната социјална политика, одговорни партнерски односи со своите работници, државата и општеството. Следејќи го овој принцип раководството на рудник САСА посветува особено внимание на создавање и користење на иновациски социјални технологии. Рудник САСА се стреми да создаде нови цивилизирани правила на заемните односи во сферата на социјалната политика и трудот и на тој начин да ја формира иднината базирана на заемна одговорност и развиток. Копањето руда е сконцентрирано во планинските делови на нашата држава каде  има разлика во климатските услови во споредба со градските средини. Оттука произлегува и потребата за обезбедување на работниците со неопходната опрема и заштитни средства. Исто така на сите вработени во рудник САСА им се исплаќа редовна плата, обезбеден е транспорт до работното место и обратно, исхрана во мензата на рудникот како и плаќање на сите даноци за пензиско и здравствено осигурување. Со рестартирањето на рудникот и негово започнување со работа се зголемуваше и бројот на вработените од различни струки. Со тоа се подобри и материјалната положба на населението во Македонска Каменица бидејќи најголемиот број од вработените во рудник САСА се жители од ова гратче иако во рудникот работат и жителите од околните градови кои се во близина на Македонска Каменица. Па затоа социјалната политика во една компанија не е само убав збор. Зад зборовите стојат нашите досегашни успеси во оваа сфера како и нашите идни планови за развиток на социјалната инфраструктура, поддршка на културата, образованието и спортот. Особено место во социјалната дејност на компанијата зазема подршката на младите стручњаци со цел да се здобијат со стручни знаења кои ќе можат да најдат соодветна примена во иднина.

Социолошките аспекти во работењето

Земајќи ја предвид целата економско-социјална положба во која се наоѓаат граѓаните на Република Македонија, како и историскиот развој на настаните по осамостојувањето и промените кои настанаа во транзициониот период, многу странски инвеститори пројавија интерес за развивање бизнис на територијата на Македонија. Исто така предмет на интерес станаа и многу предпријатија кои беа во сопственост на државата, а потоа беа опфатени со процесот на приватизација и денес се наоѓаат во приватна сопственост. Таков е и случајот со рудник САСА кој по рестартирањето повторно активираше голем број луѓе од кои повеќето од редот на претходно вработените односно оние кои работеле пред затворањето на “старата САСА” како што изворно се нарекува во местото каде што се наоѓа рудникот.
Уште во фазата на подготовка за отпочнување со производство, спонтано се почувствува и првата ревитализација на социјалните интеракции меѓу граѓаните воопшто, и тоа не само во градот Македонска Каменица туку и во целиот регион. Во оваа смисла неминовно се појави и една друга улога на рудникот, а тоа е социјалната улога што ја има новото претпријатие што е неминовна појава во целиот овој процес на рестартација на рудникот. Тука не станува збор за нагласување на важноста само од економски аспект на регионално и национално ниво, туку и на социјалната позиција која ја стекнуваат вработените во САСА и промените низ кои треба да поминат. Станува збор за промена на еден цел систем од вредности и ставови.
Од тој аспект се јавува една нова ситуација која од една страна е континуитет на традицијата со ноти на новиот начин на живеење и пренесување на дел од културата на трансконтинентално ниво со спонтано поставување на нови социјални норми кои се взаемна креација на сите вработени во рудникот и со тенденција да се пренесе и пошироко. Настануваат промени во социјалната активност, во контактите меѓу  вработените и воопшто промени во целокупното социјално однесување на сите граѓани од регионот. Друг момент на кој треба да му се посвети важност од социјален аспект се и промените кои настанаа со процесот на децентрализацијата.
Ова директно ќе влијае врз подобрување на економско-социјалната положба на жителите од регионот преку приливот на средства што ќе ги има општина Македонска Каменица. Станува збор за финансиска инјекција која претставува добра можност за подобрување на животниот стандард на ниво на регион. Организацијата на рудникот во секој момент е подготвена за паралелно следење на сите светски стандарди од кој било домен, а со тоа и приближување на Европа и развиените земји до М. Каменица и Македонија воопшто.

 

Тел. + 389 33 279 200
Фах.+ 389 33 279 220

адреса:
Рудник “САСА” ДООЕЛ
Ул. “Рударска” бр.28
2304 Македонска Каменица

Е-mail: contact@sasa.com.mk