
Република Македонија се наоѓа во центарот на Балканскиот Полуостров и има едноставен пристап до Централна Европа, Медитеранот и Блискиот Исток. Рудникот Саса се простира во северо-источниот дел на Република Македонија на Осоговскиот планински масив (2252 м)
повеќе... |
|
Првите геолошки испитувања на лежиштето на рудникот почнаа во 1954 година кога е изготвен првиот елаборат за геолошко – рудните резерви во Осоговскиот регион. Од 1960/61 година е донесена одлука за изградба и отворање на рудникот која трае до 29.11.1966 година кога рудникот се пушта во производство. Во 1966 година кога рудникот започна со производство годишниот капацитет на преработка во Саса изнесуваше 300.000 тони. До 1979 година рудникот произведуваше селективни концентрати на олово и цинк, а од 1979 година до 2003 година рудникот произведува колективен концентрат. Во текот на 1970 и 1980 беше извршено дополнување и подобрување на постоечката опрема со цел зголемување на капацитетот на производство на рудникот така што истиот достигна годишно производство од околу 625.000 тони.
повеќе... |