почеток контакт english
За нас Социјални ефекти од бизнисот Трудови Наша работа Програми
 
 
     Новости
     Медиумите за нас

прирачник за интегрираниот систем за управување на процесите

политика за квалитет и заштита на животната средина

   >> Наша работа

Нов почеток

Рудникот САСА е поранешен производител на олово и цинк што се наоѓаше под грижа и одржување од 2001 година кога е ставен под принудна управа. Рудникот беше затворен поради причини што не се поврзани со рудното тело. Во рудникот беше прогласен стечај со што започна и стечајна постапка. По затворањето на рудникот државата се обидуваше да најде стратешки инвеститор и за таа цел објави тендер за продажба на рудник САСА. Тендерот го доби руската фирма “Ромтрејд” и инвеститорот  Павел Малиновскиј кој беше избран за најповолен понудувач на јавниот тендер. На 28.06.2005 година беше склучен договор за продажба на рудник САСА и со тоа и официјално се пренесе сопственоста и правата на користење на имотот понуден на јавниот тендер распишан со Одлука на Собранието на доверители на Рудници за олово и цинк САСА акционерско друштво во стечај – Македонска Каменица.
По потпишувањето на Договорот се започна со негова обнова. Претстоеше многу работа и вложување труд да за се рестартира рудникот. Се започна со враќање на работа на кадрите кои и претходно работеле во рудник САСА и со организирање на работата за рестартирање. Во текот на обновата  која траеше околу 8 месеци се вложија многу напори  за да се стигне до саканата цел. Веднаш беа склучени и првите договори за набавка на опрема која овозможи нормална работа на рудникот. Компанијата потпиша договори за достава на основните рударски машини со водечката светска компанија за рударска опрема Atlas Copco и новото флотациско одделение со светскиот произведувач на соодветна техника Metso Minerals. Како што пристигнуваше новата опрема така почна да се повикува на работа персоналот кој веднаш беше вклучен во работниот процес. Веднаш се започна со обука на работниците кои работат со јамската механизација како и оние кои работат во флотација за што беа ангажирани странски стручњаци, се изврши  монтажа на новата опрема, се ремонтираа постоечките, а се изградија и нови објекти кои беа неопходни за нормалното функционирање на рудникот и се реализираа сите започнати проекти до рестартирањето на рудникот.
Работата околу рестартирањето успешно ја водеше менаџерскиот тим составен од г-н Дмитриј Кудрјаков - генерален директор, г-н Александар Лагуткин – технички директор и г-н Борис Левит – комерцијален директор како и стручњаци од различни области кои и претходно работеле во рудникот со што се постигна основната цел, а тоа е отворање и работа на рудникот САСА. За рестартирањето на рудникот се вложени повеќе од 20 милиони евра и тоа е првата фаза од планираните активности. Генералниот план на развој на рудникот за следните 7-10 години и потврдувањето на резервите по JORK стандарди ги изработи инжeнеринг компанијата СРК (Англија). По завршувањето на санацијата на рудникот (до крај на мај 2006 година), рудникот ќе вади и преработува 650.000 тони руда. Тоа ќе дозволи да се произведува 40 000 тони оловен концентрат (со содржина 73% олово) и 50 000 тони цинков концентрат (со содржина 50% цинк).

Од сајтот на Владата на РМ (12.06.2006 год.)
Обраќање на премиерот Владо Бучковски на рестартирањето на рудникот САСА

Почитувани присутни,
Дами и господа,
Денешното рестартирање на рудникот САСА дури и за најголемите скептици е уште еден доказ дека во македонската економија дефинитивно дувааат нови ветришта. Дека Македонија цврсто чекори по патот на забрзан економски раст, кој со упорна работа, го трасиравме последниве неколку години и дека од тој пат нема враќање назад. Сведоци сме дека успешното креирање на поволен бизнис амбиент во Македонија има своја директна рефлексија и во рударскиот сектор. Минатата година исклучително успешно го рестартиравме Бучим. Денес ја рестартираме САСА. А многу скоро, веќе во август оваа година, своето производство ќе го обноват и Тораница и Злетово. За Македонска Каменица и за целиот источен регион, рестартирањето на рудниците го има ефектот на замаец на севкупната стопанска активност и отворање на значителен број работни места. Тоа означува еден нов почеток за овој дел од државата.
Но, истовремено ревитализацијата на македонскиот рударски комплекс претставува силен импулс за нашата економија во целина. Овој процес ќе резултира со зголемување на индустриското производство, унапредување на извозот и забрзување на економскиот раст на земјата.
Почитувани пријатели,
Рестартирањето на САСА на најдобар начин покажува колку е значајно да се најде сериозен стратегиски партнер, а не како во минатото, рудниците да се продаваат на несериозни компании. Оваа влада не се впушти во такви ризични авантури. Инвеститорот Ромтрејд веќе вработи неколку стотици работници и вложи неколку милиони евра во подготовката на рудникот. Според бизнис планот до крајот на годинава треба да се вработат 920 работници, а во рудникот да се вложат 22 милиони евра. Имајќи го предвид претходното искуство со истиот партнер во Бучим, јас не се сомневам дека тој план ќе биде реализиран и дека на САСА и на Македонска Каменица им претстои успешна иднина. Верувам дека по истиот пат ќе тргне и Бинани индустри која ги презеде другите два рудника за олово и цинк a ”Злетово” и “Тораница”, со што на овие простори повторно ќе заживее вековната рударска традиција.
За крај, во стилот на традиоционалниот рударски поздрав, ви посакувам СРЕЌНО за успешно обновување на производството на САСА.

Обраќање на генералниот директор г-н Дмитриј Кудрјаков
по повод отпочнувањето со работа на рудник САСА (12.06.2006 год.)

Почитувани дами и господа,
Повеќе од 20 милиони евра инвестиции, 8 месеци работа од страна на работниците и инженерите, конструкторите и проектантите, комерцијалистите и финансиерите, како и други стручњаци кои работат во многу македонски и странски компании овозможија потполно да се реконструира еден од големите рудници во Македонија претворајќи го во една од најсовремените рударски компании на Балканот. Техничкиот потенцијал на рудникот сега веќе дозволува да се копа и преработува до 700.000 тони руда годишно и нашите планови се да се зголеми обемот на производство до 1 милион тони руда.
Тоа ќе биде не само значаен момент за економијата во Македонија во целина, но ќе дозволи во значителна мера да се решат многу социјални прашања во овој регион. Општиот број во создавањето на работни места ќе дозволи да се овозможи работа на не помалку од 800 работници и стручњаци. И сето тоа е резултат на нашата заедничка работа со Вас.
Денеска, на овој празничен ден би сакал да изразам посебна благодарност на:
-Премиерот на Владата на Република Македонија;
- Претставниците на органите на државната власт, претседателите на општините на Каменица и Делчево;
- Главниот рударски инспектор и главниот електроенергетски инспектор;
- Претставниците на водечките светски компании МЕТСО МИНЕРАЛС и АТЛАС КОПКО од Шведска кои ја направија оваа современа опрема што денеска тука можеме да ја видиме и ги обучија нашите работници и инженери да работат со оваа опрема;
- Компанијата СРК од Велика Британија – една од светските лидери во областа на инженерскиот консалтинг која го разработи генералниот план за развитокот на рудникот во следните 7 години.
- Раководителите и стручњаците на македонските компании Дабар, Металекс, Монтимпекс и Тимел кои зедоа активно учество во монтажата на флотациската фабрика;
- Раководството и стручњаците на компаниите Гранит и Македонија пат кои помагаат во ремонтот и изградба на транспортната инфраструктура;
- Раководителите и стручњаците од компаниите Интершпед, Фершпед, Трајал Корпорација, Макпетрол и многу други компании кои соработуваат со комерцијалната служба на САСА;
- И би сакал да изразам посебна благодарност на сите работници и инженери на САСА кои го исполнија основниот обем на работа сврзан со обновувањето на рудникот и не само на рудникот.
Значи, сите овие 8 месеци во САСА се одвиваше процесот на обновување не само на капиталните објекти, машините и опремата – туку паралелно со ова за овие 8 месеци се одвиваше и процесот на обнова на високопрофесионалниот и здружен колектив со кој се има прославено рудникот САСА во претходните години. Се надевам дека и обновеното претпријатие со наши заеднички напори ќе стане гордост на Република Македонија намножувајќи ги славата, традицијата и благосостојбата на работниците и инженерите на САСА. Благодарам за вниманието.

Наша мисија

Нашата мисија е нашата основна цел на дејноста. Рудник САСА се стреми да стане и остане одговорен производител за олово и цинк и својата дејност ја засновува на:

  • Рационално искористување на суровинската база и стабилност на операционалните трошоци
  • Реализација на растечкиот потенцијал по пат на истражувања и разработка на местата каде што се наоѓаат минералните ресурси со светска класа
  • Поддршка за стабилен развиток на регионот

Стратегиски цели

Рационално искористување на минерално-суровинската база и стабилност на операционалните трошоци:

  • Модернизација на производната моќ за облагородувачкото производство со цел обезбедување на најефективна преработка на добиената (ископаната) руда и добивање метал
  • Зацврстување на навиките и постојано усовршување на производството како и разработка и воведување на ефективни технички решенија
  • Зацврстување на независноста во обезбедувањето на ресурси со ниски трошоци вклучувајќи ја енергетиката и транспортот

Реализација на потенцијалниот раст по пат на истражување на местото каде што се создаваат минералните ресурси

  • Активно учество на компанијата во геолошките истражувања на нови перспективни наоди на квалитетна руда
  • Развиток на персоналот, создавање на услови за професионален развиток на стручните лица, обезбедување на услови за безбедна средина за работа, врачување на награди на работниците соодветно со обемот и квалитетот на нивната извршена работа. Соодветно со македонските и меѓународните еколошки стандарди внесување на нови технологии за придржување на ограничувањата за фрлање на штетните материи како и реализација на заемните односи со регионалната и државната власт за проекти од социјално-економски развој на територијата.

 

 

Тел. + 389 33 279 200
Фах.+ 389 33 279 220

адреса:
Рудник “САСА” ДООЕЛ
Ул. “Рударска” бр.28
2304 Македонска Каменица

Е-mail: contact@sasa.com.mk