| 3.1. Проекти
ТЕХНИЧКИ ИЗВЕШТАЈ
кон основниот проект за измена на дел од девијацијата на патот М.Каменица – рудник САСА
Девијацијата на постојниот пат М.Каменица – рудник САСА е условена од потребата за проширување на просторот за депонирање на јаловината од флотацијата на рудникот Саса. Овој проблем е актуелизиран пред 20 години и во врска со тоа благовремено се преземени следните активности:
- Од страна на институтот за патишта и железница при Градежниот факултет од Скопје изработено е идејно решение за оваа девијација;
- Врз основа на ова идејно решение од страна на рударскиот институт од Скопје изработен е главен проект. Со оваа проектна документација опфатени се последните 2,9 км од постојниот пат (непосредно пред влезот во флотацијата на рудникот). Концепцијата на ова решение претставува напуштање на постојната траса (која ќе биде зафатена со идното јаловиште) со нејзино подигање на повисока кота и развивање на стрмните падини на левиот брег од Сашка река.
- Реализацијата на овој проект е започната во 1987 година при што се извршени добар дел од градежните позиции. Меѓутоа од непознати причини градбата е прекината и патот останува незавршен. Со рестартирање на рудникот Саса и негово подготвување за повторна експлоатација од страна на новиот сопственик изградбата на овој пат повторно е актуелизирана и е отпочнато со работите за завршување на изградбата на планираната девијација. За реализацијата на овој проект беше објавен тендер од страна на рудник САСА на кој се пријавија осум компании:
- Македонија инвест – Скопје
- Дабар – Скопје
- Пелагонија – Виница
- Пелагонија – Скопје
- АДГ Маврово – Скопје
- Мак метал – Скопје
- Делта пром – Велес
- Гранит – Скопје
Најповолна беше понудата на градежната копанија Гранит со која се склучи и договор за градење и за таа цел се потрошени околу 660.000 евра.
Проектни услови и проектни елементи
Проектните услови пред се се диктирани од теренските услови во кои овој пат е пробиен. Спрема општите карактеристики овој терен може да се карактеризира како планински. Останатите услови и проектни елементи дефинирани се согласно оние од постоечкиот проект согласно кој овој пат во досегашната постапка е граден и согласно кој се изградени многу од проектираните вештачки објекти меѓу кои спаѓаат пропустите, потпорните ѕидови, усеците, тунелот и сл.
ИДЕЕН ПРОЕКТ
За хидројаловиштето на рудникот Саса – М. Каменица за II фаза до кота 960 мнв
Јаловиштето на рудникот Саса во М. Каменица служи за одлагање на флотациската пулпа (јаловина) добиена со технолошкиот процес – флотација на минералите олово и цинк од рудата. Флотациската јаловина преку пулповод гравитационо се доведува до јаловиштето каде пред депонирањето се класира на два производа. Со хидроциклонирањето на флотациската јаловина пред депонирањето се добива: (1) песок на хидроциклонот со кој со природно одлагање се изведува низводната брана на јаловиштето и (2) муљ на хидроциклонот со кој се заполнува таложното езеро на јаловиштето. Според главниот проект за новото јаловиште Долина на Саска река – I и II од 1980 година, низводната брана од песок на јаловината било предвидено да се насипува во влажна состојба во слоеви од 2,5м со ширина во круната од 0,5м и со наклони на косините – узводна м1 = 1,5 и низводна м2 = 2,75 со надвишување од 2,0м над таложното езеро.
Таложното езеро се формирало со природно исталожување на муљта од јаловината.
Новото јаловиште Долина на Саска река – I фаза кое е во експлоатација од 1981 година првобитно било проектирано до кота 975.0 мнв – ниво во таложното езеро (со проект од 1980 година), а потоа би било надвишено за 15.0 м, односно до кота 990.0 мнв (со проект од 1990 година). Во јуни 2001 година била иновирана анализата на стабилноста на новото јаловиште од I фаза на рудникот Саса. Според тогашната изведена состојба на јаловиштето, напречниот пресек бил со кота на круна на браната 991.7 мнв, со низводен наклон – пострмен од проектираниот и водно ниво во таложното езеро на 988.5 мнв.
Според состојбата на јаловиштето непосредно по хаваријата на 30.08.2003 година и формирањето на средишниот кратер во таложното езеро, круната на браната е изведена до кота 995.0 мнв; низводната косина е со наклон м2 = 2.32 (значително пострмен од проектираниот м2 = 2.75) и таложното езеро е формирано до кота 992.5 мнв. Со проектната документација од ноември 2003 година е потврдено дека низводната песочна брана на новото јаловиште I фаза има задоволителна сигурност, но дека со изведената кота на круна од 995.0 мнв се исцрпува капацитетот на хидројаловиштето ( со постојната конфигурација на водоспроводниците за одведување на површински и дренирани води) и дека за таложење на нови количини на јаловишен муљ е неопходно да се изведе новото јаловиште II фаза.
Концепција на хидројаловиштето – II фаза до кота 960 м
Хидројаловиштето е наменето за безбедно одлагање на флотациската јаловина која се добива при процесот на флотација после издвојувањето на корисните минерали на олово и цинк. Флотациската јаловина од погонот флотација во вид на пулпа преку пулповод се одведува до хидроциклоните на хидројаловиштето. Во хидроциклоните се врши сепарирање на флотациската јаловина на песок и прелив. Преливот кој всушност претставува муљ се пушта во внатрешноста на хидројаловиштето каде што се врши природно таложење на цврстите честици. Избистрената вода преку преливен орган се одведува во Саска река. Хидројаловиштето Саса – М.Каменица II фаза е проектирано во долината на Саска река и тоа во нејзиниот горен тек во месноста наречена Миовци. Од погонот флотација е оддалечено околу 2.000 м со висинска разлика од погонот флотација до котата на завршната круна на низводната брана од околу 130 м. Потиснувањето на пулпата е од подрумот на погонот флотација (кота 1.031,24 мнв) до разводниот собирник (кота 1.021,46 мнв). Максималната должина на потиснување е L = 1.007 м. Хидротранспортот на пулпата од излезот на разводниот собирник на кота 1.021,46 мнв до влезот на разводниот собирник на кота 1.005 мнв предвидено е да се одвива по гравитациски пат низ нов PVC пулповод со Dn = 225мм. За класирање на флотациската јаловина при изградба на хидројаловиштето до кота 962 мнв ќе се користи постојната метода со хидроциклонирање применувана во изградбата на претходните три хидројаловишта. Со производот песок од хидроциклон ќе се гради песочната брана, а производот прелив од хидроциклонот ќе се испушта во таложното езеро на хидројаловиштето.
Цена на чинење на работите
Збирно, по одделни главни елементи од проектот, чинењето на работите изнесува:
I ПУЛПОВОД 4.980.554 ден.
II ЈАЛОВИШТЕ 25.408.782 ден.
III ВОДОСПРОВОДНИЦИ (за површински и дренирани води) 46.965.155 ден.
ОПТОЧЕН ТУНЕЛ (ИЛИ ГАЛЕРИЈА)
Варијанта 1 – тунел 58.042.080 ден.
Варијанта 2 – галерија (кота 960 мнв) 64.013.915 ден.
Варијанта 3 – галерија (кота 975 мнв) 68.722.276 ден.
Вкупно чинење на сите работи :
- Јаловиште со тунел: 135.396.571 ден. 2.212.362.евра
- Јаловиште со галерија (кота 960) 141.368.406 ден. 2.309.941 евра
- Јаловиште со галерија (кота 975) 146.076.767 ден. 2.386.875 евра
Проектна задача
За изработка на основен проект, дополнителни студии и изведбен проект за хидројаловиштето на рудникот САСА – М.Каменица за втора фаза до кота 960 мнв
Во 1954 година се направени првите геолошко-истражни работи. Од 29.11.1966 година е започнато со пробно производство со годишен план од 300.000 тони. Во сите три јаловишта е депонирано 13? 10 [t] или 7,3? 10 [m?] јаловина. Период на експлоатација:
- јаловиште I од 1966 до 1971 година
- јаловиште II од 1971 до 1990 година
- јаловиште III од 1990 до 2003 година
Во ревирот “Голема Река” се вградени 230 ? 25 [m?] јаловина.
Хидројаловиштето на рудникот САСА во М.Каменица служи за одлагање на флотациската пулпа (јаловина) добиена со технолошкиот процес на флотација на минералите олово и цинк. За одлагање на новите количини на јаловина во идниот експлоатационен период на рудникот кој се планираше од крајот на март 2006 година се изготви техничка документација на ниво на основен проект во склад со членовите 33 и 52 од Законјот за градење од 24 јуни 2005 година за јаловиштето од втора фаза до кота 960 мнв. Со основниот проект треба да се исполнат следниве задачи:
- Да се идентификуваат сите промени на моментната состојба на изграденост на јаловиштето посебно по хаваријата од 30-ти август 2003 година со проектните подлоги по кои е изработен главниот проект за новото јаловиште од втора фаза изготвен во 1982 година.
- Да се уточнат и комплетираат топографските, геотехничките и хидролошките податоци неопходни за изработка на основен проект по кој ќе се изведува хидројаловиштето.
- Да се иновираат хидролошките, хидрауличките, геостатиочките и конструктивните анализи за потврдување на сигурноста на објектите со примена на современи методи во согласност со важечките стандарди соодветни за објекти од овој вид.
- Да се изработат делови од проектот кои се неопходни, а не се содржани во главниот проект од 1982 година.
Основниот проект кој ќе одговори на наведените задачи ќе служи за добивање одобрение за градење и ќе претставува основа за изработка на изведбен проект (според член 41 од Законот за градење) треба да ги содржи следните делови:
Дел 1 – Технологија на одлагањето;
Дел 2 – Јаловиште (концепција, функционалност, стабилност);
Дел 3 - Водоспроводници за одведување на површински и дренирани води.
За добивање на одобрение за градење шпокрај основниот проект потребно е да се изработат и дополнителни студии (според член 52, точка 4 и точка 5) од Законот за градење):
- Студија за оцена на влијанијата на проектот врз животната средина, одобрена од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина зџа градби согласно со Законот за животна средина и
- Студија за остварениот квалитет на сеизмичката заштита на објектот одобрена и позитивно оценета во согласност со генералната државна стратегија за контрола и намалување на сеизмичкиот ризик.
Целта на предметниов основен проект е да се дефинира технички сигурно и економски оправдано решение за:
а) технолошкиот процес за одлагање на јаловината во втора фаза
б) иницијалната брана и низводната песочна брана на хидројаловиштето во втора фаза и
в) водоспроводните органи на хидројаловиштето во втора фаза за одведување на површинските и дренираните води.
За димензионирање на јаловиштето во втора фаза од градежен аспект потребно е да се определи состојбата на напрегања и деформации како и филтрационите појави и да се провери статичката и филтрационата стабилност на песочната брана во тек на градба (експлоатација на јаловиштето) и во постексплоатационата фаза на јаловиштето (изградена песочна брана). За димензионирање на јаловиштето во втора фаза од градежен аспект потребно е да се определи состојбата на напрегања и деформации како и филтрационите појави и да се провери статичката и филтрационата стабилност на песочната брана во тек на градба (експлоатација на јаловиштето) и во постексплоатационата фаза на јаловиштето (изградена песочна брана). Затоа оваа анализа треба да се спроведе со симулирање на етапноста на напредувањето ( според усвоената геометрија и динамика – дефинирана со технолошкиот процес) и со следење на развојот (генерирање и дисипација) на порните притисоци.
За димензионирање на водоспроводниците на површински и дренажни води потребно е да се определат хидродинамичките параметри на струењето по должина на целосните водоспроводници, постојните и новите за правилно функционирање на јаловиштето во втора фаза. Затоа неопходна е примена на хидрауличка анализа по целата должина на водоспроводниците со стационарно, нерамномерно постепено променливо струење на:
а) преливниот (опточниот) тунел (или галерија) и
б) заштитниот канал (или колектор) на левиот бок од долината.
При изборот на концепцијата на водоспроводниците мора да биде задоволен примарниот проектантски критериум – да се задржи сепарациониот систем. Со тоа би се раздвоиле надворешните површински (чисти) води од внатрешните дренирани (загадени) води односно нема да се наруши можноста за евентуален контролиран и централизиран третман на филтратот (од дренажниот систем) од јаловиштето.
Проектна програма за дополнителни геотехнички истражувања
Со цел да се создадат предуслови за сигурно и економично проектирање на објектите се предвидува определен оптимален обем на геолошки и геотехнички истражувања и испитувања. Методологијата за изведба на овие работи се состои од меѓусебно поврзани и условени постапки на истражување и испитување кои се од теренски и лабораториски карактер како што следува:
I. Анализа на постојната геолошка и геотехничка документација
II. Теренски геолошки и геотехнички работи
а) Детално инженерско-геолошко картирање на теренот во мерка од 1:500 до 1:1000 во зависност од постојните геодетски подлоги (со посебен осврт кон дисконтинуалноста) во зона на сите објекти (тунел/галерија, иницијална брана, зона на колктор и др.), со теренско испитување на јакост на пукнатински ѕидови со Шмитов чекан;
б) Изведба на оптимален обем на истражни бунари со рачен ископ;
в) изведба на оптимален обем на истражно дупчење;
г) Изведба на рефракциски сеизмички профили за потребите на екстраполацијата на геолошките елементи и дополнување на сознанијата добиени со инженерско-геолошкото картирање, истражните раскопи и дупнатини;
д) Детално картирање на истражните раскопи и бунари нивно опробување и фотографирање;
ѓ) Изведба на тест на стандардна динамичка пенетрација во некои од дупнатините;
е) Изведба на теренски опит на водопропусност (Le Franc-оваа или Lugeon-оваа метода во зависност од средината која се испитува).
III. Лабораториски испитувања
а) Комплетни класификациони испитувања на почвени материјали (гранулометриски состав, специфична тежина, граници на конзистенција, збиеност и влажност и сл.)
б) Испитување на јакостни карактеристики на материјалите (со општи на директно смолкнување, триаксијална компресија, јакост на притисок и индекс на јакост за потреби на класификација на карпести маси по познати методи (Bieniawski, Barton et all и др.);
в) Испитување на деформабилни карактеристики (со еднометарски опит кај почвени материјали додека кај цврсти карпи да се изврши проценка со познати емпириски методи како метод на Hoek and Brown и др.);
г) Испитување на услови за набивање на материјалите кај иницијалната брана (Прокторов опит);
д) Испитување на водопропусност во теренски услови.
Дел од лабораториските испитувања ќе се изведуваат како контрола на постојни податоци од наоѓалишта за глина и други локални материјали за вградување во иницијалната брана додека за јаловинскиот материјал ќе се искористи постојниот фонд на истраги (посебно од последната фаза на испитување при санацијата на јаловиштето).
3.2 Заштита на животната средина
Дејноста на рудникот САСА опфаќа геолошко истражување, копање на руда, нејзино преработување и добивање на олово – цинковен концентрат. Една од важните работи за рудникот е и намалување на негативниот ефект од производството врз животната средина. Планот за стратегиско развивање на рудникот ги има предвид и преземање на сите неопходни мерки за зачувување на животната средина од загадување и тоа е неразделен дел од бизнисот како и обезбедување на заштитни средства за вработените и запазување на техниката за безбедност во работењето.
Студија за животната средина за рудникот Саса и неговото работење беше изработена од страна на Adam Smith Institute со средства обезбедени од страна на Норвешката влада, а во согласност со меѓународните стандарди и барања на Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија. Освен идентификување на обврските на Рудникот и неговото работење, во студијата се наведени и можните трошоци за зачувување на животната средина, а исто така може да послужи и како базичен извештај за новиот инвеститор кога ќе аплицира во Министерството за животна средина и просторно планирање на Р.Македонија со барање за издавање на дозвола за идното работење. Какви било обврски поврзани со животната средина до моментот на продажбата се одговорност на претходниот сопственик, а тоа е државата. Сепак не постои расположлив механизам за истите да бидат исклучени од државата пред продажбата и поради тоа Владата на РМ би сакала тие обврски да ги пренесе на новиот сопственик преку постапка за приватизација. Идните обврски кои се однесуваат на животната средина ќе бидат одговорност на новиот сопственик на Рудникот. Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ преговараше за можно финансирање од страна на Европската унија и други донаторски организации со цел чистење на рудничкиот комплекс.
Биолошка разновидност
Пределите околу рудникот Саса припаѓаат на шумската вегетација која претежно се содржи од дабот плоскач и субмонтани букови шуми. Дабовиот регион се простира во низините и брдските предели до висина од 1100 м.н.в. средногодишните температури во овој регион се движат од 9 – 14,2 ?С, а врнежите се од 500-850 мм годишно. Доминантен почвен тип се циметните шумски почви, но локално се сретнуваат и други тинови почви (terra rossa, чернозем, псеудоглеј, лесивирани почви, кафеави шумски почви и друго). Во овој регион климазонални заедници се дабовите шуми наместа помешани со шумски заедници со врби, тополи, костен, евла и други. Од вертебратната фауна типични жители на овој регион се понтомедитеранските и сириските арбореални елементи како што се црвовидната змија, мачјата змија, балканскиот смок, балканската лукова жаба, зелениот клукајдрвец, ежот, еленот лопатар, невестулката и др.
Буковиот регион се надоврзува на дабовиот, опфаќајќи ги планинските предели меѓу 1100-1700 м.н.в. Иако зафаќа само 22% (помалку од 1/3) од вкупната површина под шуми во овој регион е застапен најголемиот дел од дрвената маса кај нас. Овде средногодишните температури се помеѓу 6,4-8 ?С, а количината на врнежите е од 900-1100 мм годишно. Почвите се претежно од типот на светли кафеави шумски почви (во пониските делови) или од типот на кафеави подзолести почви (во повисоките делови). Во подгорскиот буков појас (1100-1300 м) се развиваат рефугијални типови на букови шуми како и борови шумски заедници, додека во горскиот појас (1300-1700 м) се застапени различни тинови букови и буково-елови шуми, а на секундарни станишта се присутни шуми од бел бор, јасика и бреза. Карактеристични жители од фауната во овој регион се: шарениот дождовник, слепокот, ескулаповиот смок, срната, еленот, куната златка, дивата мачка итн.
Студија за проценка на влијанието на рударскиот објект врз животната средина
Рудникот за олово и цинк САСА е лоциран на околу 10 км на север од Македонска Каменица во локација на околу 5 км западно од бугарската граница. Разгледувањето на состојбата на животната средина на овој капацитет е важно како поддршка во обезбедувањето на основа според којашто ќе се оцени контаминацијата и ќе се определат обврските за идната заштита на животната средина. Во непосредна близина на рудникот нема еколошки чувствителни области или области со регистриран интерес за заштита. Рудничките копови, преработувачките капацитети и наносите на јаловина се лоцирани во стрмна, пошумена долина на надморска височина од околу 1300 – 1900 метри на јужните падини на Осоговските Планини. Водоснабдувањето и тековите на отпадни води се одвиваат по гравитациски пат без пумпни услови. Загадувањето на воздухот има тенденција на задржување во локални рамки во најголем дел што води до ниско распространета регионална контаминација.
Водотеци и користење на водата
Саска река која извира во долината над рудничкиот комплекс ги вклучува притоките црвена, Свинска и Козја река истекува низ опточен тунел – галерија, под браната на јаловиштето и во фазата кога рудникот не работеше беше со прифатлив квалитет. Квалитетот на потоците што доведуваат вода од Осоговските планини во подрачјето на рудникот беше анализиран од рудничката лабораторија во Саса, Royal Holloway College (London) и од Рударски факултет во Штип во времето кога рудникот САСА беше во функција. Овие историски податоци покажуваат дека во сите регионални потоци постојат високи концентрации на тешки метали како што може и да се претпостави за подрачјето што изобилува со метални руди на или блиску до површината.
3.3 Елаборати за геолошки резерви
Истражувања во врска со геолошките резерви на рудник САСА се направени од страна на геолошката служба на рудник САСА, а од страна на СРК Консатинг (Велика Британија) е направена проценка на ресурсите на минерали на рудникот САСА, а со свој проект во оваа работа се вклучи и Рударско-геолошкиот факултет од Штип при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”- Скопје.
Рудникот САСА започна со работа на 29.11.1966 год. а запре со работа на 14.02.2003 год. кога финансирањето со работен капитал од Владата заврши. Рудникот САСА произведуваше до 625.000 тони руда годишно. Во својата последна потполна година на работење 2001/2002 САСА произведе 372.000 тони руда со степен на обработка и мелење од 5,08% олово и 4,38% цинк од одделенијата Свинска Река и Голема Река на рудникот. Во својот проект СРК детално го разгледа изборот на методот на откопување на рудата и за следните операции препорачува комбинација на шведскиот метод и методот со полнење. СРК забележува дека постои значителен потенцијал во САСА да се задржи стапката на производство на 750.000 tpa до 2017 година. Врз основа на работите преземени во рамките на овој план за животниот век на рудник САСА може да се смета за огромен проект дури и според количеството на материјал што може да се откопа. СРК смета дека рудникот САСА има многу поволни карактеристики вклучувајќи го значителното производство (тонажа) на полуразвиени и развиени рудни блокови со доволна дебелина за примена на методите за откоп на рудата во големи количества.
Тековните геолошки рудни резерви за рудникот Саса се претставени подолу во табелата.
Табела за рудни резерви во Саса
| Категорија |
Количина на руда (t) |
Застапеност (%) |
Pb (%) |
Индекс |
Zn (%) |
Индекс |
| А |
6.140.913 |
32.43 |
6.37 |
5.06 |
100 |
4.33 |
100 |
| B |
4.678.782 |
24.70 |
4.87 |
4.89 |
97 |
4.24 |
98 |
| A+B |
10.819.695 |
57.13 |
11.24 |
4.98 |
98 |
4.29 |
99 |
| C1 |
8.118.102 |
42.87 |
8.44 |
4.28 |
85 |
2.93 |
68 |
| A+B+C1 |
18.937.797 |
100.00 |
19.68 |
4.68 |
92 |
3.71 |
86 |
| C2 |
20.000.000 |
38.55 |
30.96 |
/ |
/ |
/ |
/ |
| D1 |
21.500.000 |
27.81 |
22.34 |
/ |
/ |
/ |
/ |
| D2 |
26.000.000 |
33.64 |
27.02 |
/ |
/ |
/ |
/ |
| C2+D1+D2 |
77.300.000 |
100.00 |
80.32 |
/ |
/ |
/ |
/ |
| A+B+C1+C2+D1+D2 |
96.237.797 |
/ |
100.00 |
/ |
/ |
/ |
/ |
Извор: Елаборат за геолошките рудни резерви на наоѓалиштето за олово и цинк Саса (април 2003). Објаснувањето за категоризацијата на рудните резерви претставени во табелата погоре е како што следува:
А – потврдени (сигурни ) резерви
В – веројатни
С1 – можни
С2 – перспективни
D1 – потенцијални
D2 – прогнозирани
Значи вкупните резерви со кои располага рудник САСА од категоријата А+В+С1+С2+D1+D2 изнесуваат 96.000.000 тони.
ЕЛАБОРАТ ЗА ОПШТА ХИГИЕНСКО-ТЕХНИЧКА ЗАШТИТА СО НАПАТСТВИЈА ЗА РАБОТА СО ФЛОТАЦИСКИ РЕАГЕНТИ
Анализа на штетноста и опасноста од флотациските реагенти во технолошкиот процес
Со оглед на тоа што во технолошкиот процес на флотација во вид на реагенти се употребуваат разни штетни материи и јаки отрови постројката за складирање, растворање и дозирање на реагенти како и целиот погон флотација се сметаат за места опасни по здравјето на луѓето. За да се заштитат луѓето од штетното дејство на материите кои се користат во процесот флотација потребно е да се применуваат посебни мерки на сигурност кои се задолжителни при складирањето, растворањето и дозирањето на реагентите. Во постројката за складирање, растворање и дозирање на реагентите дозволен е пристап и работа само на оние лица што претходно имаат завршено специјален курс за хигиенско-техничка заштита при работа и курс за укажување на прва помош при појава на изгореници и труење. Сите вработени задолжително мораат да бидат снабдени со заштитни средства (гас маски, гумени ракавици, заштитни очила, гумени чизми и др.), како и специјална облека во зависност од тоа што работат.
Во просториите за складирање, растворање и дозирање на реагенти покрај природна вентилација мора да се обезбеди и вештачка вентилација која би обезбедила регулација на штетните пари и гасови така што нивната концентрација нема да ја надмине максимално дозволената гранична вредност. При работа со флотациските реагенти мора да се преземаат мерки за оневозможување на истурање и излевање на реагентите врз подот, опремата и оделата на вработените. Доколку сепак дојде до тоа подот и опремата треба добро да се исчистат, неутрализираат и измијат со поголема количина вода, а оделата на вработените добро да се исперат пред повторно да бидат облечени. Во просториите каде што се складираат, раствораат и дозираат реагенти строго се забранува пушење, палење оган и работа со уреди кои фрлаат искри. Исто така се забранува јадење и чување храна во тие простории како и јадење со нечисти раце по работа со реагенти.
Во постројката за складирање, растворање и дозирање на реагенти мора да се предвиди уред за укажување на прва помош при изгореници кој се состои од гумено црево со славина и млазница. Истиот служи за најбрзо отстранување на киселини и бази од површината на кожата со јак млаз на вода. На одредено место мора да постои рачна аптека со комплетен прибор противотрови, средства за изгореници и завоен материјал. На видно место под стакло мораат да бидат закачени напатствија за давање прва помош при труење и изгореници. Сите лица кои за време на работата доаѓаат во допир со флотациски реагенти мора да имаат можност за туширање со вода после работата. Како посебно опасни работи при работа во постројката за складирање, растворање и дозирање на реагентите се сметаат ремонтите врзани со влегување во резервоари во кои се чуваат отровни и штетни материи. Овие работи мораат да се изведуваат со строго придржување на соодветните правила за хигиенско-техничка заштита, со посебен писмен налог – дозвола, со точно напатствие за работа, мерки на сигурност и лица за технички надзор, одговорни за безопасно изведување на тие работи.
Вработениот кој го врши ремонтот мора да биде снабден со комплетно специјално одело и заштитни средства. Вработените кои работат на чистење или ремонт во внатрешноста на садовите и резервоарите мораат да користат гумени црева или гас маски. При слегувањето во резервоарите вработените се должни да користат заштитни појаси кои ќе бидат врзани за јако јаже, а другиот крај од јажето мораат да го држат двајца вработени кои се наоѓаат над отворот од резервоарот и кои се подготвени да му укажат помош на вработениот во резервоарот доколку почувствува каква било слабост или се онесвести. За да не дојде до испуштање на јажето крајот од јажето треба да се заврзе за која било конструкција над резервоарот. На сите работи со флотациски реагенти мораат да работат најмалку двајца работници. На работниците кои работат со реагенти им се забранува излегување од кругот на постројката во специјалното одело или истото да го носат дома. Друштвото е должно да обезбеди навремено перење, неутрализирање од реагенти и поправка на специјалното одело.
Во работните простории се забранува расфрлање и оставање на измачкани крпи. Истите се собираат во метални канти со поклопец, а потоа се спалуваат надвор од одделението за реагенти. За чување, подготвување и транспортирање на флотациските реагенти од страна на управникот на погонот мора да биде разработена шема на технолошкиот режим:
- Начин на подготвување на реагентите во магацинот, начин на чување, опробување и издавање на реагентите во одделението за подготвување на раствори за сите реагенти кои се примени од испорачателот;
- Концесија на растворите што се подготвуваат од реагентите;
- Режим на растворање на реагентите (количина на вода или растворувач, време и температура на растворање и др.);
- Режим на перење на амбалажата за реагенси и нејзино неутрализирање;
- Начин и метода за опробување на концентрацијата на подготвените реагенти;
- Дозволена концентрација на пареа и цврсти честици од реагенти во воздухот внатре во просториите.
На сите вработени во постројката за склаирање, растворање и дозирање на реагенти како и на сите вработени во погонот флотација, мораат да им се дадат инструкции за чување на реагентите, подготовка и предавање на растворите, а кои се изготвени во согласност со постојните услови и специфичности на реагентите што се употребуваат. Во тие инструкции на вработените мораат да им бидат предочени:
- Условите при кои им се дозволува работа во складовите и одделенијата за подготовка на реагенти како и на површините загадени со реагенти, користење на специјалните одела и заштитни средства од труење, изгореници и слично;
- Начин на транспортирање, сложување, пакување и пренесување на реагенсите во складовите и издавање на истите во одделението за подготовка на реагентите;
- Начин на препакување (при неисправна амбалажа), мерење и пакување, отворање на амбалажата и количина на реагенти во приемните прибори за подготовка на реагенти;
- Редослед и додавање на реагенти, вода или растворувач во апаратурата за подготовка на раствори и редослед на давање на реагенти на платформите за реагенти во мали резервоари и хранилки;
- Начин на контрола и регулација на додавање на раствори од реагенти во технолошкиот процес;
- Начин на чистење на сувите и течните реагенти при растурање, при неисправна апаратура или оштетена амбалажа;
- Мерки за ХТЗ при работа со реагенти, давање и дозирање на реагенти и укажување прва помош при труење или добивање изгореници од реагенти;
- Отстранување отпадни води и ѓубре од постројката за складирање, растворање и дозирање на реагенти се забранува без претходна обработка за пречистување односно неутрализирање на отровите.
Во просториите за складирање, растворање и дозирање на реагенти се создаваат штетни пари и гасови како и штетен прав кои го загрозуваат човековото здравје. Од тие причини, покрај природната вентилација мора да се обезбеди и вештачка вентилација (електрични вентилатори) на целата постројка, а посебно на одделението за NaCN. Подот во целата постројка треба да биде обложен со подлога отпорна на јаки киселини и бази и да биде приспособен за лесно перење. Сите прелиени раствори од реагенти како и сите води од перењето треба да се собираат во една шахта и да се праќаат директно во хидројаловиштето.
|