|
1.1 Локација
Република Македонија се наоѓа во центарот на Балканскиот Полуостров и има едноставен пристап до Централна Европа, Медитеранот и Блискиот Исток. Рудникот Саса се простира во северо-источниот дел на Република Македонија на Осоговскиот планински масив (2252 м) близу до границата со Република Бугарија и на оддалеченост од околу 150 км источно од Скопје, главниот град на Македонија. Претпријатието е добро поврзано со патнички и железнички линии во Македонија и меѓународно со соседните држави: Бугарија на исток, Албанија на запад, Србија на север и Грција на југ. Најблиското населено место до рудникот е градот Македонска Каменица (12км). Главна комуникациска врска на рудникот претставува асфалтниот пат с.Саса – Македонска Каменица кој во Македонска Каменица се спојува со магистралниот пат Штип – Кочани – Делчево.
Локацијата е близу до следниве автопати и магистрални патишта:
- Скопје – Штип – Кочани – Делчево
- Штип – Велес – Скопје – Куманово
- Штип – Велес – Гевгелија
Најблиската железничка линија се наоѓа во Кочани на оддалеченост од 30 км од Македонска Каменица која е поврзана со главниот град Скопје и од таму со сите земји во Европа. Рудникот Саса е оддалечен 130 км од меѓународниот аеродром лоциран во близина на Скопје. Најблиското морско пристаниште е Солун во Грција приближно околу 250 км од Македонска Каменица. Локацијата на рудникот покрива околу 164.658 m2.

Локација на рудник Саса
1.2 Историја на рудникот
Првите геолошки испитувања на лежиштето на рудникот почнаа во 1954 година кога е изготвен првиот елаборат за геолошко – рудните резерви во Осоговскиот регион. Од 1960/61 година е донесена одлука за изградба и отворање на рудникот која трае до 29.11.1966 година кога рудникот се пушта во производство. Во 1966 година кога рудникот започна со производство годишниот капацитет на преработка во Саса изнесуваше 300.000 тони. До 1979 година рудникот произведуваше селективни концентрати на олово и цинк, а од 1979 година до 2003 година рудникот произведува колективен концентрат. Во текот на 1970 и 1980 беше извршено дополнување и подобрување на постоечката опрема со цел зголемување на капацитетот на производство на рудникот така што истиот достигна годишно производство од околу 625.000 тони.
Максимално производство на руда беше остварено во 1990 и 1991 година кога годишно биле произведувани околу 625.000 тони влажна руда. Просечното годишно призводство на влажна руда од отворањето на рудникот до неговото затворање во 2003 година изнесува околу 450.000 тони годишно производство што е далеку под проектираните количини кои може да ги преработи флотацијата. Поголеми купувачи на колективните концентрати од рудникот Саса беа:
- Топилница МХК Злетово – Велес
- Топилница Sometra – Романија сопственост на Myitlineos, Грција и
- Топилница Пловдив – Бугарија (само селективни оловни концентрати).
Сега целосното име на компанијата е Рудник САСА ДООЕЛ Македонска Каменица, а скратеното име е САСА ДООЕЛ Македонска Каменица.
1.3 Контакти
Рудник “САСА” ДООЕЛ
Ул. “Рударска” бр.28
2304 Македонска Каменица
Македонија
Тел. + 389 33 279 200
Фах.+ 389 33 279 220
Е-mail: contact@sasa.com.mk
Даночен број 4030005555532
Сметка број 200 0011734160 73
Депонент: Стопанска банка
|