top of page
1-41.jpg

НАШИОТ ТИМ

Посветени на безбедноста

Ние во САСА, се гордееме со нашите производствени резултати. Иако технологијата во нашата индустрија со текот на времето значително се промени, постојат одредени работи што остануваат константни, како што се вниманието што го посветуваме на деталите, долгорочните и краткорочни планирања, квалитетот на нашиот производ и грижа за нашите вработени, локалната заедница и околината.

747
Вработени

105

Соработници

98%
од вработените се од Р.С.Македонија

1-27.jpg

ПОСВЕТЕНОСТ И ИСКУСТВО

Неколку години наназад ‘САСА е меѓу првите 5 најуспешни компании во Северна Македонија. Постигнатите цели во областа на производството, контролата на трошоците и одржливоста не би биле возможни  без напорната работа, посветеноста и поддршката од нашиот искусен тим. “

Свесни сме дека мотивираната, посветена и квалификувана работна сила е клучна за нашиот успех. Вложуваме огромен труд во унапредување на компаниската култура и во обезбедување на позитивна, стимулирачка и продуктивна работна средина, во која се поттикнува развојот на вработените, се практикува фер третман кон сите, се почитуваат човековите права, се почитуваат културните вредности и обичаи на нашите вработени и се поддржуваат еднакви можности.


САСА е најголем работодавач во Источниот регион на Северна Македонија, а приоритет се дава на локалното вработување. Во рудникот се вработени околу 750 лица, од кои 88% се од локалната општина Македонска Каменица.


Веруваме дека е важно постојано и отворено да комуницираме со нашите вработени. Применуваме политика на „отворени врати“, што значи дека вработените можат слободно да комуницираат со директните надредени и со раководителите на повисоко ниво. Тимовите за човечки ресурси се исто така достапни за разговор со вработените за различни прашања. На повеќе локации Во Саса има поставено кутии за предлози, поплаки, жалби, идеи  од вработените  кои редовно се разгледуваат и, доколку е соодветно, се имплементираат.


Од големо значење за Саса се обуките за безбедност и здравје, со цел да се осигураме дека секој вработен знае да се грижи за сопствената и безбедноста на своите колеги, но и стручни обуки, помагајќи да се развијат членови на тимот кои ќе придонесат за успешна иднина на компанијата.

 ИНКЛУЗИВНОСТ 

Ние ја препознаваме важноста на различноста, особено кога ја разгледуваме ширината на мислата, пристапот и мислењето што може да ги поттикне разновидна група. Ние работиме напорно за да ја донесеме родовата разновидност во нашите тимови, конкретно во високите нивоа на бизнисот.


Во рударската и металуршката индустрија, машкиот труд традиционално преовладува, но во последниве години процентот на жени вработени во оваа област е зголемен. Ние силно веруваме во придобивките од создавањето средина во која жените сакаат да работат и се трудат да формираат разновиден тим на професионалци во сите области на бизнисот.

Ние ги споделуваме стандардите на Меѓународната организација на трудот ('МОТ') за пристојна и продуктивна работа за жени и мажи во средина со еднакви можности, обезбедување социјални гаранции и почитување на човечкото достоинство. Имаме политика на проценка на сите постојни и идни вработени според нивните вештини и способности и дискриминација на работното место врз атрибути како што се возраста, расата, родовиот идентитет, физичката или менталната попреченост, сексуалната ориентација, религијата, политичкото мислење или бременоста е строго забрането од нашиот Кодекс на однесување.

1-12.jpg

НАШИОТ РАКОВОДЕН ТИМ

Со нашите вработени и изведувачи раководи силен менаџерски тим, чиј главен приоритет е обезбедување на здравјето и безбедноста на работното место на секој член на тимот.

Chris Colbourne.jpg

КРИС КОЛБУРН

Генерален директор

ОДРЖУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО И БЕЗБЕДНОСТА НА НАШИТЕ ВРАБОТЕНИ

Безбедноста на нашите луѓе е наш примарен приоритет и вложуваме огромен труд во промоција на здрав животен стил на нашите вработени.
Наша цел е да обезбедиме безбедно и здраво работно опкружување за нашите вработени, изведувачи и посетители и решително работиме кон постигнување нула повреди на работното место.

1-22.jpg

„ПЕТ ЧЕКОРИ“ ПРИСТАП

Пред да започнат со работа, вработените користат пристап составен од пет чекори за теренска проценка на ризици за да ги оценат ризиците на нивното работно место. Бидејќи опасностите се идентификуваат и документираат од самиот вработен, тие се разрешуваат веднаш доколку е можно, или се запишуваат во регистар и им се дава приоритет за отстранување. Супервизорот на смената ги проверува и потпишува сите проценки на ризиците подготвени од вработените.

3S7A0348.jpg

МЕЃУНАРОДНИ СТАНДАРДИ

Сите релевантни национални здравствени и безбедносни стандарди во земјите во кои се делува се применуваат, вклучувајќи и усогласеност со меѓународните стандарди кога е тоа возможно. Саса поседува сертификат за меѓународниот стандард за управување со здравјето, безбедноста и животната средина OHSAS18001, а управувањето со квалитетот ќе биде сертифицирано согласно ISO45001 во 2020 година.

ОБУКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ

Обуките за безбедност се спроведуваат внатрешно, од страна на тимот задолжен за безбедноста на работното место и, кога е соодветно, надворешно, од специјалисти за здравје и безбедност на работа. Обуките се специјално насочени кон обезбедување вештини и знаења на вработените кои ќе им овозможат да ги извршуваат своите релевантни работни задачи што е можно побезбедно и поефикасно.

Со подобрување на нивото на лична безбедност на нашиот тим, на свесноста за опасностите и нивна идентификација, имаме за цел да го намалиме ризикот на работното место.

ЧЕТА ЗА СПАСУВАЊЕ

Заради подобрување на способноста за одговор при итни случаи кои настануваат во јамата беше изградена посебна станица за спасување и купена потребната нова опрема.


Од вработените во Саса беа избрани 29 лица кои го сочинуваат новиот волонтерски тим и беше обезбедена седмична обука за употреба, тестирање и одржување на опремата, како и за техники за спасување.


Веруваме дека сега имаме најквалитетна и најдобро опремена екипа за спасување во рудник во Северна Македонија.

1-4.jpg
3S7A3682.jpg
bottom of page