top of page

РУДНИК САСА

Нашата безбедност - наш живот

Home: Welcome

СРЦЕТО НА ЗАЕДНИЦАТА

Добредојдовте на вебстраната на рудник САСА, која се надеваме дека постојано ќе ги информира посетителите за нашите активности во рудникот и локалната заедница.

САСА е најголемиот рудник за подземна експлоатација во Република Северна Македонија. Тоа е рудник за олово и цинк што се наоѓа во северо-источниот дел на земјата, на само 12 километри северно од Македонска Каменица.

Почнувајќи од 1966-та година рудник САСА е срцето на заедницата и обезбедува вработување за за голем дел од локалното население и помага при обезбедување на средства за финансирање на локални проекти и иницијативи.

DJI_0177_edited.jpg

ПОВЕЌЕ ОД РУДНИК

Металичните руди што ги преработуваме и концентратите (Pb концентрат и Zn концентрат)   што ги добиваме се од суштинско значење за современото живеење и технолошки напредна иднина.

За заедниците кои се во близина на нашите деловни операции креираме можности за вработување и едукација, спортски објекти, здравствена нега и помош за лицата од социјално ранливите групи во општеството, додека се грижиме за здравјето и безбедноста на нашиот тим и се придржуваме до највисоките светски стандарди за заштита на животната средина.

ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНИ

САСА е свесна за својата одговорност и постојано им пружа поддршка на локалните заедници, а истовремено е горда на позитивното влијание што го има врз развојот на заедницата.

Преку нашите инвестиции, особено за децата од заедницата, создаваме поголеми можности во областа на образованието, спортот и културните активности.

DJI_0057.jpg

ЦЕНТРАЛ АЗИЈА МЕТАЛС

Од 2017 година, Рудник Саса е во сопственост на интернационалната компанија Централ Азија Металс.

Сопствениците на Рудник Саса се долгорочни инвеститори кои веруваат дека сите треба да имаат бенефит од успесите на рудникот.

Централ Азија Металс исто така има погон за бакар во Казахстан.

bottom of page