top of page
САСА  и Законот за заштита на лични податоци

Во Рудник САСА ДООЕЛ Македонска Каменица (понатаму: Контролор/от) врз основа на Законот за заштита на личните податоци, е изработен Кодекс за заштита на личните податоци, со кој се уредува заштитата на личните податоци и правото на приватност во врска со обработката на личните податоци, а особено легитимните интереси на Контролорот, собирањето на личните податоци, правата на субјектот на личните податоци, положбата на Контролорот и преземањето на соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци, преносот на личните податоци и вршењето на видеонадзор кај Контролорот. 

Со овој Кодекс се создава соодветен систем за технички и организациски мерки што Контролорот ги применува за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци и за оцена на нивната адекватност со видот и обемот на работните процеси што ги врши Контролорот.

Субјектите на личните податоци можат дополнително да ги прегледаат Изјавата за приватност и другите политики за повеќе информации за причините за активностите за обработка на личните податоци, правната основа за обработка, како и уништување на личните податоци.

Имате право да бидете информирани како Контролорот ги обработува вашите лични податоци и целта на обработката. Со цел да ги обезбедиме ваквите информации, Контролорот има подготвено Изјава за приватност, која ве информира кои податоци ги обработуваме за вас, како ги обработуваме, со која цел и законската основа. 
 

Контакт

Доколку имате прашање во врска со обработката и заштитата на вашите лични податоци ве молиме контактирајте го нашиот Офицер за заштита на лични податоци. 

Наталија Петрова

Офицер за заштита на лични податоци

n.petrova@sasa.com.mk

bottom of page