Дипломиран инженер геолог
Job Location
On site
Published By
Type of Job
Полно работно време
Published Date
4 May 2022, 22:00:00
About the job
Работното место Дипломиран инженер гелог е работно место кое припаѓа на работни места со непосредно извршување т.е. е од оперативен карактер каде што работните задачи се извршуваат во јама и е нестационарно работно место односно се извршуваат работни задачи на различни места во јамските простории.
КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ:
Учествува во изработката на годишните, периодичните и перспективните планови за откопување на рудните минерални суровини на хоризонтот;
Учествува и дава напаствија во усмерувањето на динамиката на откопувањето во зависност од минералскиотсостав и содржината на корисните компоненти во рудните минерални суровини на хоризонтот;
Изготвува геолошка-тахничка документација за припремните и геолошко-прогнозните работи при откопувањето на минералната суровина на хоризонтот.
Врши месечни, тромесечни,полугодишни и годишни пресметки на откопаната руда и нејзиниот квалитет.
Врши анализа и биланс на откопаната и не откопаната руда и метал (губитоци) и приливот на јаловина (разблажување);
Во соработка со раководителот на хоризонтот работи на смалувањето на губитиците и разблажувањето.
Се грижи за блговремено и систематско определување на припремните работи, пресметка на количините на рудата и средната содржајност на корисните метали во поедини блокови;
Учествува во пресметката на геолошко-експлоатационите резерви на хоризонтот и дава напатствија при вршењето на прекатегоризација на резервите од пониска во повисока категорија односно од експлоатациони резерви;
Врши геолошко картирање на припремните рударски (хоризонтални и коси јамски простори);
Изработува графичка домументација на основа геолошко картирање, а која документација е патоказ за натамошните припреми,а подоцна и во откопувањето;
Изработува геолошки профили на на основа на кои се изработуваат и прогнозни планови за припремните работи;
Изработува прогнозни планови за припремање на рудните блокови за откопување.
Врши ажурирање на постојната графичка документација (геолошки карти и геолошки профили);
Нанесување на јамските дупчотини на постојните геолошки карти и профили;
Врши усмерување на припремните работи на лице место во јама.
Врши анализа и биланс на откопаната и не откопаната руда и матал (губитоци) и приливот на јаловината (разблажување).
Соработува со техничарот за разблажување и квалитет во јама за подобро усмерување на припремните работи.
Прави извештај за динамиката и квалитетот на откопаната руда и оствареното разблашување;
Цврста графичка документација;
Работи во изработката на документацијата за експлатационото истражување и оконтурување на рудните тела со рударски работи и длабинско дупчење
Одговорно исполнување на работните задачи во согласност со правилата и нормите за производство и работната дисциплина.
КВАЛИФИКАЦИИ:
Наполнето 21 година
ВСС - дипломиран геолошки инженер
Не е задолжително работно искуство
Добиено лекарско уверение за работа во јама со кое се потврдува нивната здравствена состојба за способност за работа во јама
Основни мерки за работа
Да има основна претстава за опасностите во работата
Опслужување на работно место
Инструкции и упатства за работа
Мерки за безбедност во работата
Дневни работни инструкции