Електроинженер
Job Location
On site
Published By
Type of Job
Полно работно време
Published Date
10 May 2022, 22:00:00
About the job
КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ:
Електроинженерот ќе работи блиско со тимот на САСА за капитални проекти и ќе биде одговорен но не и ограничен за:
Ќе работи со тимот за одржување на САСА за обезбедување на било какви дополнителни информации кои што можеби ќе се потребни за да се заврши завршното инженерство (кое е превземено од страна на локални фирми за инженерство).
Учествува во обука која што е обезбедена од страна на различни снабдувачи за опрема. Ова е за да се обезбеди дека е добиено детално знаење за секој специфичен дел на опремата.
Помага и работи заедно со изведувачите, со цел да го сподели знаењето и искуството додека развиваат детално знаење на аспекти на инсталација на електрични системи.
Помага на тимот за капитални проекти во развивање на упатства за обука и презентации за целта за одржување и обука за решавање на проблеми за придобивки на другите членови на тимот во електро службата.
Помага со проценки за развој на здравје и безбедност и процедури за безбедно работење.
Обезбедува насоки и поддршка како дел од превентивно и тековно одржување на електрични системи.
Осигурува дека постројките се одржуваат до договорениот стандард со превземање на планирани и повторно активни сервиси и одржување, откривање на дефекти и задачи за поправка кај електрични сервиси низ секоја постројка.
Извршува проверки за истражување за цел на контрола на квалитет кои што вклучуваат затворен простор и висини, евиденција на целата работа и комплетирање на поврзани регистри/дневници.
Одговорен за одржување на било кои идни инсталации и поправка на електрични системи.
Превзема одговорност за општо повторно активно одржување во согласност со долгорочните цели и задачи на САСА.
Да открие дефект и да обезбеди задоволително отстранување на дефект и да ги одржи нивоата на сервис во рудник во секое време.
Да осигура дека се направени доделените, планираните одржувања и малите поправки и да превземе барања за сервис кои што се покренати од страна на менаџерскиот систем на САСА.
На безбеден начин да превземе инцидентни и итни или пак итни задачи и работи според временските рамки на спецификација на сервис.
КЛУЧНИ КОМПЕТЕНЦИИ:
Етички вредности – Се придржува до основните вредности и верувања и се однесува согласно.
Решавање проблеми – Ги анализира проблемите за да најде решение. Има желба да научи за работата и да работи и да се развива во различни области на бизнисот.
Интегритет и Доверба – Доверлив, директен и коректен.
Функционални/технички вештини – Поседува вештини за ефективно работење и постигнување на високи резултати.
Смиреност – Смирено работење под притисок и при соочување со неочекувани работи и способен е да ги исполни малите рокови.
Организираност – Способен е да управува ефективна употреба на сите достапни ресурси. Поставува приоритети, прави распоред за работа, следи напредок кон целите, и е во тек со детали/информации/активности.
Управување на процеси – Разбира и користи ефективно работење за да го зголеми бројот на ресурсите
Управување со иновации – Способен да управува со својата креативност и креативноста на другите
Tимска работа – Mора да биде способен и проактивен да работи во мал тим.
Комуникација – Мора да биде способен да комуницира на ефективен начин со снабдувачи и изведувачи.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ, ЗНАЕЊА И ПРЕТХОДНИ ИСКУСТВА:
Квалификуван електричар за одржување (дипломиран електроинженер).
Mора да има познавање со сите правилници за електрична опрема и инсталации.
Минимум 3 годишно искуство на работење и одржување на опрема и системи на комерцијална електрична постројка.
Способност за читање на цртежи со електрични шеми.
Да биде способен да нарача и да провери спецификации на опремата вклучувајќи резервни делови.
Да биде способен да подготви распореди за одржување, технички процедури и листи за проверка.
Разбирање на практиките за безбедно работење (како што е заклучување и означување).
Да има желба да ги почитува практиките за безбедно работење.
Способност да работи со тимови со повеќе дисциплини и да управува други.
Способност да користи основни функции на Microsoft Outlook, Word и Excel.
Возачка дозвола – Б категорија.