МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР ЗА ФИКСНА ОПРЕМА ВО ЈАМА

Job Location

On site

Published By

Type of Job

Полно работно време

Published Date

31 May 2022, 22:00:00

About the job

КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ


Машинскиот инженер за фискна опрема во јама како дел од Службата за Одржување ќе биде одговорен но не и ограничен за:

  • Почитување и работење во согласност со политиките, постапките и барањата на корпоративно ниво

  • Следење на меѓународните стандарди и учествување во нивно имплементирање во согласност со барањата и одлуките на корпоративно ниво

  • Следење на правните барања и барањата на најдобрите практики во областа на одржувањето и постапување исклучиво во согласност со нив

  • Управување со тимот за одржување, кој ќе содржи и до 25 луѓе одговорни за одржување, поправки, сервиси и инсталации на фиксната опрема во јама во Рудник САСА

  • Помагање и учество во развојот и имплементирањето на стандардите за безбедност и активно промовирање на важноста за придржување до стандардите за безбедност во Рудникот

  • Одговорен за ефикасно распоредување на тимот за одржување на фиксна опрема во јама и за надгледување на начинот на којшто работат и управуваат со работата

  • Директно надгледување и следење на машинските работни стандарди, методи и процедури

  • Планирање и координирање со сите засегнати страни за активностите за одржување

  • Планирање и координирање на потребните резерви и материјали во Служба за Одржување

  • Соработка и интеракција со тимот за планирање на одржување и со персоналот во магацин за набавка и управување со резервни делови и материјали

  • Одговорност за ефикасно управување со резервни делови и материјали во Рудникот

  • Одговорност за соодветна употреба, складирање и управување со алатките за одржување во службата

  • Соработка и интеракција со луѓето кои извршуваат услуги, снабдувачи на опрема и резервни делови, извршување и управување со извршувањето на услуги, опрема, резервни делови и материјали

  • Активно работење за намалување на трошоците, минимизирање на отпад и промовирање на ефикасност во Службата за Одржување

  • Препознавање на инженерски ризици и ризици за одржување, управување со нив или соодветно спроведување на истите на повисоко ниво

  • Учествување во развојот, имплементирањето и одржувањето на СОП (Стандардана Оперативна Процедура)

  • Одговорност за издавање и следење на извршувањето и изготвувањето на неделните, месечните планови, планови за застои и други планови за одржување по потреба во Рудник САСА

  • Активно учество во креирањето на плановите и распоредите за одржување

  • По потреба учество на состаноци за одржување и производство во Рудник САСА

  • Учество во развојот на стратегии, планови, инструкции и постапки за активности за одржување и контрола

  • По потреба учество и спроведување обуки за процедурите, постапките и практиките за одржување

  • По потреба припрема на извештаи за Службата за Одржување

  • Запознавање со барањата од ISO 14001 стандардот, за работење, одржување и континуирано подобрување

  • Почитување на Политиката за одржливост на Централ Азија Металс (ЦАМЛ) и на нивните подружници

  • Извршување на други акивности во доменот на своето знаење – квалификации и вештини кои се потребни по барање на Менаџерот за Одржување, работни задачи во интерес на производството и безбедноста, вклучувајќи и работни задачи кои потекнуваат од барањата на корпоративно ниво

  • Иако првенствено се работи за дневна смена од понеделник до петок, од вработените ќе се бара да доаѓаат на работа и во смени, за викенди и прекувремено во зависност од потребите на работата

  • Ќе биде потребно и извршување на работни задачи во јама


КЛУЧНИ КОМПЕТЕНЦИИ


· Фокус на управување со машинско одржување –  солидно познавање на практиките и процедурите за одржување, знаење и искуство со стандардите за одржување и инженерските стандарди и управување со работата

· Надзор на персонал и изведувачи –  Управување со нивните активности, време и приоритети

· Етички вредности – Се придржува до основните вредности и верувања и се однесува согласно

· Решавање Проблеми – Ги анализира проблемите за да најде решение

· Интегритет и Доверба – Доверлив, директен и коректен

· Функционални/технички вештини – Поседува вештини за ефективно работење и постигнување на високи резултати

· Смиреност – Смирено работење под притисок и при соочување со неочекувани работи.

· Организираност– Поставува приоритети, прави распоред за работа, следи напредок кон целите, и е во тек со детали/информации/активности

· Управување на процеси  –  Работи ефективно за да го зголеми бројот на ресурсите

· Управување со иновации– Способен да управува со својата креативност и креативноста на другите


ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ, ЗНАЕЊА И ПРЕТХОДНИ ИСКУСТВА

  • ВСП – диплома по машинско инженерство е задолжителна

  • Минимум 3 годишно работно искуство во областа на машинско одржување

  • Минимум 2 годишно исуство како надзорник ќе биде голема предност

  • Квалификации во областа на одржувањето ќе се сметаат за предност

  • Темелно познавање на техниките, процедурите и опремата за заварување ќе се смета за предност

  • Напредно познавање на работа со компјутер – одлични вештини за Microsoft Office пакетот со програми (Excel, Word, PowerPoint,      Outlook), AutoCAD и други слични програми

  • Претходни искуства со управување на модерни системи за одржување ќе се смета за голема предност