ПЛАНЕР ЗА МАТЕРИЈАЛИ И РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ

Job Location

On site

Published By

Type of Job

Полно работно време

Published Date

21 September 2021, 22:00:00

About the job

Планерот на материјали и резервни делови врз основа на однапред дефинирани нормативи и минимални залихи на критичните резервни делови, ги планира потребите за материјалите и критични резервни делови, прави нарачки на истите и ги оптимизира залихите на материјалите и критичните резервните делови во магацинот. Задолжен е за контрола на минималните залихи (minimum stock) и води сметка за вредноста на залихите (Inventory value) во магацинот. Доколку има потреба комуницира и ги контролира залихите кај добаввуачите и деловите кои се на консигнација.

КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ:

Планерот за материјали и резервни делови како дел од тимот за набавки, ќе биде одговорен, но не ограничен на:

  • Ја контролира залихата во постигнувањето на поставените цели.

  • Ја контролира употребата на лични заштитни средсва и спроведувањето  на мерките за заштита на животната средина и  безбедност и здравје при  работа заштита согласно компаниските процедури и правилници.

  • Ја контролира усогласеноста со компаниските политики за заштита на  животна средина, квалитет на производ и безбедност и здравје при работа

  • Подготвува неделен, месечен и годишен план за потребите репроматеријалите и критичните резервните делови

  • На неделни состаноци го презентира планот со динамика на испорака  на репроматеријалите и критичните резервни делови на инволвираните во  процесот.

  • Креира автоматски нарачки за репроматеријалите и критичните резервни делови

  • Директно врши набавка на сите потребни репроматеријали и критични резервни делови преку комуникација со добавувачите.

  • Ги спроведува барањата за достава (Purchase Orders) и ја следи  нивната реализација вклучувајќи и следење и бележење на времето на  испораката на репроматеријалите и критичните резервни делови

  • Прави неделни извештаи за динамика на испорака на репроматеријалите и резервни делови.

  • Води евиденција на репроматеријалите и резервните делови кој веќе  не се за употреба подготвува предлог барање за продажба како стара  опрема или како отпад.

  • Иницира нови броеви на артикли (material codes)

КЛУЧНИ КОМПЕТЕНТНОСТИ  :

  • Расудување Утврдување проблеми, собирање податоци, утврдување факти и валидни заклучоци.

  • Етика и Вредности – Придржување кон ефективен сет на вредности и верување, и дејствува соодветно според нив.

  • Решавање проблеми – Гледа пооширно од очигледното, за да најде ефикасни решенија.

  • Интегритет, Доверба и Доверливост – Високо доверлив, директен и искрен.

  • Функционални/Технички Вештини – Има вештини да  биде ефикасен во работата, логичен, методичен и внимава на детали. Ги  има вештините да ја изведува работата на високо ниво.

  • Смиреност – Смирен под притисок, не губи рамнотежа од неочекуваното, и дава влијание.

  • Тимска работа – Мора да биде способен да работи продуктивно во тимска атмосфера.

  • Раководење со процесот – Разбира и употребува ефективен тек на работа за да добие повеќе од помалку извори.

КВАЛИФИКАЦИИ, ЗНАЕЊА И ПРЕТХОДНИ ИСКУСТВА:

  • Диплома за Високо Образование – технички науки, економија или слично поле

  • Минимум 2 години работно искуство во планирање на материјали и резервни делови

  • Познавање на компјутери – одлични вештини во Microsoft Office

  • Силни вештини во планирање и изведба на планови