ПОМОШНИК НА РАКОВОДИТЕЛОТ НА СБЗР ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ РАБОТИ

Job Location

On site

Published By

Type of Job

Полно работно време

Published Date

About the job

КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ

· Собирање на податоци, правење на анализи за план - факт на трошоците планирани од службата за другите работни единици.

· секојдневно издавање на требувања за потребни ЛЗО по хоризонтите и РЕ,

· секојдневно водење на контрола за потрошувачка на ЛЗО по хоризонтите и РЕ,

· изготвување на интерни нарачки за потребни материјали и ЛЗО за тековниот месец,

· изготвување на буџетот за ЛЗО за наредниот месец, правење споредба(анализа) за отстапување на годишен со месечен план за буџет како и анализа на причините за отстапување и внесување на потребните материјали во програмата Деловен експерт,

· изготвување на извештаи за извршени обуки во месецот на ниво на Рудник,

· Eвиденција за:

o стручно обучување и оспособување на вработените за безбедна работа,

o извршени прегледи на средствата за работа,

o спроведени испитувања на физичките, хемиските и биолошките штетности и на микроклимата во работните и помошните простории, односно на работните места, периодични здравствени прегледи на вработените, професионални болести, заболувањата во врска со работата, повредите при работа.

· извршување на работи по наредба на Раководителот на СЗР (правење анализи, споредби, изготвување на табели за анализи итн.) поврзани со безбедноста на фирмата.


КЛУЧНИ КОМПЕТЕНЦИИ

· Етички вредности – Се придржува до основните вредности и верувања и се однесува согласно.

· Решавање Проблеми – Ги анализира проблемите за да најде решение.

· Интегритет и Доверба – Доверлив, директен и коректен.

· Функционални/технички вештини – Поседува вештини за ефективно работење и постигнување на високи резултати.

· Смиреност – Смирено работење под притисок и при соочување со неочекувани работи.

· Организираност– Поставува приоритети и безбедноста во работното место ја става во прв план.

· Управување на процеси  –  Работи ефективно за да го зголеми бројот на ресурсите


ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ, ЗНАЕЊА И ПРЕТХОДНИ РАБОТНИ ИСКУСТВА

· ВСП - Факултет за безбедносно инженерство (предност)

· Без работно искуство

· Напредно познавање на работа со компјутер – одлични вештини за Microsoft Office пакетот (Excel, Word, PowerPoint, Outlook)

· Одлични комуникациски вештини на англиски јазик