ПРОБАР

Job Location

On site

Published By

Type of Job

Полно работно време

Published Date

About the job

КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ


Пробарот како дел од Лабораторија работи наизменично на земање проби од камиони, за опробување на проби од флотација и земање и спремање на проби за хемиска анализа.


Пробарот кој е распределен за земање на проби од камиони е задолжен:

•Да го исчисти дворот пред лабораторијата за хемиска анализа:

•Треба да  провери дали земачите за проба се чисти и во исправна состојба

•Треба да подигне од комерцијална служба блокчиња за концентрат

•Пред да се почне со товарање на камионот да провери дали приколката од камионот е посипана со пелевина и нема некои додатни работи (најлон, дрво и сл) во неа

•Треба да земе проба од секоја корпа на утоварувачот и кога еден камион ќе биде товарен, пробата која што ја земал мора да ја означи со регистрација на камионот, вид на товарен концентрат и датум на утовар.

•На секој шофер е должен да му предаде блокче со определениот концентрат кој се товарел

•Доколку во текот на смената некој од концентратите се товари цел, должен е да пријави во комерцијална служба за времето и остатокот на концентрат

•Пополнување на извештаите за работа

•Да извршува и други активности по наредба на претпоставениот ( раководителот ).


Доколку работникот распореден на работно место Пробар е задолжен за опробување на проби од флотација за снимање на Нитон анализатор составот на работа е следниот :

•Да го исчити просторот пред Лабораторија

•Да зема и да ги донесе тековните проби од флотација на секои четириесет минути

•Да ги контролира автоматските земачи на проба секои четириесет минути и да ги пере на почеток на смената

•Да ги измеша и спреми пробите за снимање

•Да ја чисти редовно просторијата за припрема

•Да го контролира и одржува таложникот

•Да помагаат за сите задачи кога лаборантот е сам на смена

•Да ги исфрла непотребните проби од архива (по наредба од рак. на Лабораторија )

•Пополнување на извештаите за работа

•Да извршува и други активности по наредба на претпоставениот.


Доколку работникот распореден на работно место Пробар е задолжен за  земање и спремање на проби за хемиска анализа составот на работа е следниот :

•Пробарот е должен на почеток на смената да изврши примо предавање, да ја провери опремата, инвентарот и пробите за припрема оставени од претходната смена

•Треба да ги собере кофите со проби од определените места за земање на проба од Флотација од претходната смена ги носи и ги стави во пресите за пресување кои исто така се наоѓаат во Флотација , а потоа ги носи во Лабораторијата и ги суши во печка за сушење на проби

•Откако ќе се исушат пробите треба да ги подготви според определената методика за припрема на проби за хемиска анализа и за ситова анализа

•Спремање на проби за хемиска анализа и тоа на : сменски проби од Флотација, проби од трака, проби од Рудник( бушотини,бразди,пработни места), проби од концентрат и други проби

•По пресувањето на пробите во пресите во Флотација нивно перење

•Задолжен е да донесе дестилирана вода од лампара за потребите на лаборантите за хемиска анализа ( во случај кога апаратот за дестилирање на вода кој се наоѓа во Лабораторија не е исправен )

•Треба да ги контролира автоматските земачи на проба( во текот на смената) и  да ги пере (пред почетокот на секоја смена)

•Треба да го контролира влезот во силосите и да зема проба од траката

•За проблем кој е од електрична и механичка природа треба да пријави во диспечерски центар

•Доколку има проблем со земачите на проба треба да пријави во диспечерски центар, сменски инженер и кај одржавачите од машинско одделение

•Земање на проба од одредени од флотација места за определување на содржина на слободен CaO во пулпа и за ситова анализа

•Пополнување на извештаите за работа

•На крај на смената треба да ја исчисти просторијата за припрема на пробите

•Да извршува и други активности по наредба на претпоставениот(раководителот).


КЛУЧНИ КОМПЕТЕНЦИИ


Етички вредности – Се придржува до основните вредности и верувања и се однесува согласно.  

Решавање Проблеми – Ги анализира проблемите за да најде решение.

Интегритет и Доверба – Доверлив, директен и коректен.

Функционални/технички вештини – Поседува вештини за ефективно работење и постигнување на високи резултати.

Смиреност – Смирено работење под притисок и при соочување со неочекувани работи.

Организираност – Поставува приоритети и безбедноста во работното место ја става во прв план.

Управување на процеси   –  Работи ефективно за да го зголеми бројот на ресурсите


ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ, ЗНАЕЊА И ПРЕТХОДНИ РАБОТНИ ИСКУСТВА 

•Основно образование или ССП

•Без работно искуство

•Способност за тимска работа, работа во смени