РАБОТОВОДИТЕЛ НА МАГАЦИН

Job Location

On site

Published By

Type of Job

Полно работно време

Published Date

21 September 2021, 22:00:00

About the job

Работоводител на магацин врши менаџирање, организирање, контрола и координација на работа на сите активности во магацините. Преку анализи превзема соодветни мерки за постигнување на поставените цели и таргети на магацинот.

КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ:

Работоводител на магацинот како дел од тимот за набавки, ќе биде одговорен, но не ограничен на:

  • Следење на компаниските процедури и процеси, оптимизирање на трошоците и унапредување на работењето во магацините

  • Работа на компјутер, примање и издавање на роба од магацин како и други работни активности во сите фази на работното место

  • Работоводител на магацин сноси материјална одговорност за  материјалната состојба на магацините и одговара за квалитетот и  квантитетот на сите материјали во магацините

  • Ја контролира исправноста на документацијата и е одговорен за  отстранување на сите утврдени неправилности. Подготвува точна магацинска  документација – испратници и приемници и ги доставува до служба за  набавка за понатамошна обработка

  • Врши проценка на искористеноста на магацинскиот простор и превзема соодветни акции за максимална искористеност

  • Задолжително присуствува и овозможува непречено одвивање на пописи  од страна на пописни комисии во магацините, како и подготовка на  извештаи за пописите и дава објаснување за утврдените разлики при истите

  • Оптимизација на плановите и распоредите  за утовар/истовар и складирање на материјалите во магацините

  • Ги контролира редот и хигиената во магацините

  • Изготвува  процедури за работа во доменот на својата работа и одговорности

  • Овозможува зголемување на културата за иновации и имплементација на  нови процедури, за подобрување на тековното работење и безбедува  имплементација на нови методи, апликации и процеси

  • Мотивира и поддржува тимска работа, контролира проекти, ресурси и квалитет

  • Обезбедува целосни перформанси на тимот и на секоја индивидуа во истиот

  • Учествува на регуларни состаноци со непосредниот раководител и води  регуларни и рутински состаноци со тимот (дневен, неделен и месечен  состанок)

  • Гради и одржува добар однос со останатите единици во компанијата и со добавувачите.

  • Одговара вработените и контракторите со кои управува да ги применуваат важечките компаниски процедури

  • Ја контролира употребата на лични заштитни средства и  спроведувањето на мерките за заштита на животната средина и мерките за  безбедност и здравје при работа    согласно компаниските процедури и  правилници

  • Ја контролира усогласеноста со компаниските политики за заштита на  животна средина, квалитет на производ и безбедност и здравје при работа

  • Извршува и други работи по налог на непосредниот раководител во  рамките на својата стручна спрема-квалификацијата и работната способност  за извршување на работите и работните задачи

КЛУЧНИ КОМПЕТЕНТНОСТИ  :

  • Расудување Утврдување проблеми, собирање податоци, утврдување факти и валидни заклучоци.

  • Етика и Вредности – Придржување кон ефективен сет на вредности и верување, и дејствува соодветно според нив.

  • Решавање проблеми – Гледа пооширно од очигледното, за да најде ефикасни решенија.

  • Интегритет, Доверба и Доверливост – Високо доверлив, директен и искрен.

  • Функционални/Технички Вештини – Има вештини да  биде ефикасен во работата, логичен, методичен и внимава на детали. Ги  има вештините да ја изведува работата на високо ниво.

  • Смиреност – Смирен под притисок, не губи рамнотежа од неочекуваното, и дава влијание.

  • Тимска работа – Мора да биде способен да работи продуктивно во тимска атмосфера.

  • Раководење со процесот – Разбира и употребува ефективен тек на работа за да добие повеќе од помалку извори.

КВАЛИФИКАЦИИ, ЗНАЕЊА И ПРЕТХОДНИ ИСКУСТВА:

  • Диплома за Високо Образование – технички науки, економија или слично поле

  • Минимум 3 години работно искуство во магацинско работење

  • Познавање на компјутери – одлични вештини во Microsoft Office

  • Силни вештини во планирање и изведба на планови