Референт за набавки
Job Location
On site
Published By
Type of Job
Full time
Published Date
18 July 2023 at 10:00:00
About the job
За оваа работна позиција бараме личност која е комуникативна, динамична и доверлива, која ќе учествува во планирањето, спроведувањето и известувањето за активностите на набавки. Потребно е познавање на англиски јазик. Претходно искуство во набавки ќе се смета за предност.
КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ
· Е одговорен/на за своите артикли за набавка
· Спроведува процес на избор на добавувач за артиклите за кои ќе биде одговорен
· Креира нарачки до добавувачите (ПО) и нивно следење
· Во комуникација со добавувачите го одразува идентитетот на компанијата
· Изготвува анализи и извештаи
· Спроведува други административни активности на барање на раководителот за набавки
КЛУЧНИ КОМПЕТЕНЦИИ
· Етички вредности – Се придржува до основните вредности и верувања и се однесува согласно
· Решавање Проблеми – Ги анализира проблемите за да најде решение
· Интегритет и Доверба – Доверлив, директен и коректен
· Функционални/технички вештини – Поседува вештини за ефективно работење и постигнување на високи резултати
· Смиреност – Смирено работење под притисок и при соочување со неочекувани работи
· Организираност – Поставува приоритети, прави распоред за работа, следи напредок кон целите, и е во тек со детали/информации/активности
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ, ЗНАЕЊА И ПРЕТХОДНИ РАБОТНИ ИСКУСТВА
· Високо образование во делот на економските науки
· Претходно искуство во набавки ќе се смета за предност
· Добро познавање на англискиот јазик, пишување и говорење
· Добро познавање Microsoft Excel и Word