СМЕНСКИ ИНЖЕНЕР ВО ФЛОТАЦИЈА

Job Location

On site

Published By

Type of Job

Полно работно време

Published Date

About the job

КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ

Сменскиот инженер како дел од Флотација ќе биде одговорен но не и ограничен за:

  • Води евиденција за присуство на работа      на вработените во смената;

  • Дава распоред за работа и го контролира      извршувањето на работните задачи во смената;

  • Го контролира изведувањето на      технолошките процеси дробење со просејување, мелење со класирање,      флотација и одводнување;

  • Одговорен е остварените технолошки      параметри за количина на издробена и преработена руда, квалитети на      концентратите и искористување на металот да бидат во рамки на планот;

  • Врши контрола на работните места во      погоните Дробење и Флотација, по потреба на флотациските јаловишта и      придружни објекти;

  • Ја контролира исправноста на опремата      за работа;

  • Организира отстранување на помали      дефекти на опремата и инфраструктурата во текот на смената;

  • Одговорен е за спроведување на мерките      на БЗР и ЗЖС;

  • Одговорен е за одржување на хигиената и уредноста на работните      места;

  • Должен е да осигура дека извршувањето на работните активности е      според пропишаните процедури и упатства за работа;

  • Одговорен е за правилно ракување и чување на опремата и алатите за      работа и за совесно и целисходно користење на ресурсите;

  • Изготвува сменски извештај на крајот од смената.

· Работното место покрај работа во погоните, вклучува извршување на работни активности на отворено, како и работа во смени, за време на викенди и празници.

КЛУЧНИ КОМПЕТЕНЦИИ

· Етички вредности – Се придржува до основните вредности и верувања и се однесува согласно

· Решавање Проблеми – Ги анализира проблемите за да најде решение

· Интегритет и Доверба – Доверлив, директен и коректен

· Функционални/технички вештини – Поседува вештини и способности за ефективно работење и постигнување на високи резултати

· Смиреност – Смирено работење под притисок и при соочување со неочекувани работи

· Организираност– Поставува приоритети

· Управување на процеси  –  Работи ефективно и внимателно со опремата за работа со цел да се зголеми ефикасноста

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • BCC од рударска струка,      предност насока минерална технологија (ПМС);

  • Познавање на MC Office;

  • Возачка дозвола Б категорија;

  • Развиени лидерски и комуникациски вештини;

  • Работно искуство поврзано со подготовка на минерални      суровини ќе се смета за предност;

  • Познавање на Англиски јазик ќе се смета за предност.