ТЕХНИЧАР ЗА ЗДРАВЈЕ

Job Location

On site

Published By

Type of Job

Полно работно време

Published Date

8 August 2022, 14:00:00

About the job

КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ


· Одговорност за имплементирање на здравствените стандарди и сигурност дека тие функционираат

· Почитување на здравствените стандарди и законски прописи

· Идентификување напотенцијалните места каде што може да постои надминување на дозволената граница на изложеност (ДГИ) со вршење на мониторинг на околината и персоналотво однос напостоење на бучава, прашина, честички, пареа и изложеност на вибрации на работниците

· Спроведување на кампањи за земање примероци и мапирање на ризичните работни површини

· Правење статистика од валидните информации добиени од спроведените кампањи за земање примероци

· Проценка на ризикот за мускулоскелетни заболувања и ергономскиот ризик на кои подлежат работниците и предложување на корективни активности

· Идентификување на области каде што е потребно поставување знаци и идентификување на потребениот материјал и знаци што треба да се купат

· Тесна соработка со инженерските служба, машинска и електро служба со цел намалување на изложеноста на работниците на ризик

· Да се ​​биде во тек со новата и подобра заштитна опрема за персоналот и да се предложат овие промени до раководството

· Учество во идентификување на ризици и учество во обуките и активностите за управување со сите здравствени ризици

· Активна поддршка за ажурирањето на проценките за ризик и во САСА и во ЦАМЛ

· Должност за значително намалување на појавата на опасности при работа во организацијата

· Следење на раководниот тим во развојот на нивното знаење поврзано со здравствените стандарди и процедури и нивно обучување

· Следење на состојбата дали вработените ги почитуваат барањата и нивно обучување

· Обука на персоналот за соодветни ергономски практики за подигање материјал, работни позиции и поставување на работнистаници

· Учество во здравствените стандарди поврзани со истрагите за инциденти

· Соработка со Службата за прва помош и со Докторот во Рудникот во случај на инциденти поврзани или неповрзани со работата

· Учество во годишниот преглед на здравствените стандарди при работа и континуиран напредок на истите


КЛУЧНИ КОМПЕТЕНЦИИ

  • Фокус на клиенти - Ги знае и разбира потребите на внатрешните и надворешните клиенти.      Се стреми кон постигнување на резултати и работи напорно за доследно да      обезбеди исклучителна услуга

  • Етички вредности – Се придржува до основните вредности и верувања и се однесува согласно со нив.

  • Решавање Проблеми – Ги анализира проблемите за да најде решение.

  • Интегритет и Доверба – Доверлив, директен и коректен.

  • Функционални/технички вештини – Поседува вештини за ефективно работење и постигнување на високи резултати.

  • Организираност – Поставува приоритети, прави распоред за работа, следи напредок кон целите, и е во тек со детали/информации/активности

  • Управување со иновации– Способен да управува со својата креативност и креативноста на другите


ДРУГИ КЛУЧНИ КОМПЕТЕНЦИИ

  • Способност за тимска работа

  • Солидно познавање на Меѓународните здравствени стандарди, правила      и закони

  • Способност за усна и писмена комуникација

  • Способност за водење на другите и истовремено работење како дел од      тим

  • Способност за развој и проценка на статистичките информации од кампањите за земање примероци

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ, ЗНАЕЊА И ПРЕТХОДНИ ИСКУСТВА

· ВСС – Безбедносно инженерство

· Сертификат за технички советник за здравје

· Најмалку 1 до 5 години работно искуство со БЗР во индустрии

· Познавање на опремата и методологијата за земање примероци

· Работа со компјутер – со Microsoft Office пакетот со програми