ТЕХНИЧКИ АСИСТЕНТ

Job Location

On site

Published By

Type of Job

Полно работно време

Published Date

6 October 2021, 22:00:00

About the job

КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ:

Техничкиот асистент како дел од Службата за Одржување ќе биде одговорен но не и ограничен за:

  • Следење на правните барања и барањата на најдобрите практики во  областа на одржувањето и постапување исклучиво во согласност со нив

  • Помагање и учество во развојот и имплементирањето на стандардите за  безбедност и активно промовирање на важноста за придржување до  стандардите за безбедност во Рудникот

  • Следење на машинските/електро работни стандарди, методи и процедури и давање на совет за нивно подобрување

  • Планирање и координирање со сите засегнати страни за активностите за одржување

  • Планирање и координирање на потребните резерви и материјали во Служба за Одржување

  • Соработка и интеракција со тимот за планирање на одржување, тимот за машинско и електро одржување

  • Активно работење за намалување на трошоците, минимизирање на отпад и промовирање на ефикасност во Службата за Одржување

  • Препознавање на инженерски ризици и ризици за одржување, управување со нив или соодветно спроведување на истите на повисоко ниво

  • Активно учество во креирањето на плановите и распоредите за одржување

  • По потреба учество на состаноци за одржување и производство во Рудник САСА

  • Учество во развојот на стратегии, планови, инструкции и постапки за активности за одржување и контрола

  • По потреба учество и спроведување обуки за процедурите, постапките и практиките за одржување

  • По потреба припрема на извештаи во Службата за Одржување

  • Правење и измена на технички документи и инженерски цртежи и нивно архивирање

  • Иако првенствено се работи за дневна смена од понеделник до петок,  од вработените ќе се бара да доаѓаат на работа и во смени,  за викенди и  прекувремено во зависност од потребите на работата

  • Ќе биде потребно и извршување на работни задачи во јама

КЛУЧНИ КОМПЕТЕНЦИИ:

  • Фокус на управување со одржување солидно  познавање на практиките и процедурите за одржување, знаење и искуство  со стандардите за одржување и инженерските стандарди и управување со  работата

  • Етички вредности – Се придржува до основните вредности и верувања и се однесува согласно

  • Решавање Проблеми – Ги анализира проблемите за да најде решение

  • Интегритет и Доверба – Доверлив, директен и коректен

  • Функционални/технички вештини – Поседува вештини и способности за ефективно работење и постигнување на високи резултати

  • Смиреност – Смирено работење под притисок и при соочување со неочекувани работи

  • Организираност – Поставува приоритети, прави распоред за работа, следи напредок кон целите, и е во тек со детали/информации/активности

  • Управување на процеси   –  Работи ефективно за да го зголеми бројот на ресурсите

  • Управување со иновации – Способен да управува со својата иновативност и иновативноста на другите

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ, ЗНАЕЊА И ПРЕТХОДНИ ИСКУСТВА:

  • ВСП – диплома по машинско/електро инженерство е задолжителна (Прифатливо е доколку кандидатот е неодамна дипломиран)

  • Напредно познавање на работа со компјутер – одлични вештини за  Microsoft Office пакетот со програми (Excel, Word, PowerPoint, Outlook),  AutoCAD и други слични програми

  • Добро развиени вербални и писмени комуникациски вештини за  ефективна интеракција на сите нивоа во Рудникот,  одржување и  менаџерските тимови

  • Докажано имплементирање на континуирани идеи за подобрување

  • Способност за работење на повеќе работи од еднаш и приоритизирање  користејќи ги вештините за добро управување со времето на располагање

  • Вештини за самостојно работење и тимска работа исто така

  • Одлични вештини за планирање и извршување на работни задачи

  • Добро познавање на англиски јазик ќе се смета за предност