Рудник САСА, преку својата Фондација за поддршка на одржливиот развој, обезбеди стипендии за дополнителни пет студенти. Од нив, две стипендии се доделени на студенти по рударство, а една за студент на насоката геологија на Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Две стипендии се доделени и на студенти по хидротехника на Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
„Им честитаме на новите стипендисти и им посакуваме успех во текот на студирањето. Се надеваме дека оваа поддршка што ја обезбедува САСА ќе им помогне на овие млади луѓе да стекнат неопходно знаење и високи академски достигнувања во избраните области, што ќе им помогне во развојот на нивната професионална кариера во иднина. Ние се трудиме да промовираме диверзитет во рударската индустрија, затоа сме среќни што четири од петте стипендисти се жени“, истакна директорот за одржливост на Централ Азија Металс, Ник Ширли, на примопредавањето на договорите за стипендирање кое се одржа денеска (29.03.2022) во просториите на рудникот САСА.
Покрај новите петмина стипендисти, САСА моментално обезбедува континуирана финансиска поддршка и за шестмина постојни студенти на насоките по рударство и заштита на животната средина на универзитетот во Штип.
留言