top of page
Search
  • zkostadinovska4

Засадени 70 дрвја англиски даб во чест на платинестиот јубилеј на британската кралица



Продолжувајќи ги своите континуирани активности за заштита на животната средина и одржлив развој, а во чест на платинестиот јубилеј на британската кралица Елизабета II, со кој се одбележуваат 70 години од нејзиното крунисување, Рудникот САСА донираше 70 садници англиски даб како подарок за заедницата.



Дрвјата се засадени на две локации кои од страна на општината Македонска Каменица беа избрани како најсоодветни. На првата локација која се наоѓа во близина на паркот „Младост“ засадени се седум дрвја англиски даб, а останатите 63 се засадени во манастирско-туристичкиот комплекс Еленец во с. Цера.



Покрај директорот за одржливост на САСА, Ивица Талевски и главниот финансиски директор на ЦАМЛ, Гавин Ферар, во засадувањето на новите дрвја кои ќе го красат централното подрачје на Македонска Каменица учество земаа и британската амбасадорка во земјава, Рејчел Галовеј и градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски.



46 views0 comments

Comments


bottom of page