Рудник САСА избра 12 од најдобрите цртежи кои беа пријавени на отворениот ликовен конкурс за детски цртежи со илустрации поврзани со работењето на рудникот и неговото значење за семејството и заедницата.
На конкурсот беа пријавени вкупно 68 ликовни творби од деца на возраст од 5 до 15 години кои живеат на територијата на општина Македонска Каменица, како и од деца на вработените во САСА.
Избраните 12 цртежи ќе бидат искористени како илустрации за календарот на САСА за 2023 година, а останатите пристигнати цртежи ќе ги красат новогодишните честитки што ќе бидат испратени на вработените, соработниците и партнерите на Рудник САСА.
Беше навистина тешко да се изберат најдобрите, затоа што сите цртежи кои пристигна се убави и прекрасно го покажуваат начинот како децата ја гледаат САСА и значењето што има рудникот за нив, за нивните семејства и за целата заедница. На сите деца, од срце им благодариме за нивниот вложен труд во изработка на цртежите и ги охрабруваме и понатаму да го развиваат својот талент.
Comments