По привременото затворање поврзано со Ковид-19 пандемијата, САСА повторно ја отвора канцеларијата за комуникација со локалната заедница.
Канцеларијата се наоѓа на нова локација, на улица „Рударска“ бр.28 во Македонска Каменица.
Работното време на канцеларијата останува исто, што значи дека граѓаните кои се заинтересирани можат да ја посетат секој петок, од 08 до 16 часот.
Се надеваме дека ќе одговориме на прашањата што можеби ги имате, како и да помогнеме за различни барања и потреби. Секоја Ваша сугестија, размислување и предлог се добредојдени. Новата централна локација на канцеларијата ќе ни овозможи полесно да го одржуваме продуктивниот дијалог со вас.
Дојдете и посетете нѐ.
Commentaires