top of page
Search
  • Writer's pictureSasa Mine

Новогодишни пакетчиња за децата и пакети за социјално ранливите граѓани

Рудникот САСА продолжува со востановената традиција за поддршка на одржливиот развој во Македонска Каменица. По тој повод како дел од работата на својата Фондација оваа година повторно обезбеди новогодишни подароци на сите деца во градинките и основните училишта во Македонска Каменица и населбата Саса. Дополнително, вкупно 132 социјално ранливи лица и семејства добија пакети со храна и средства за хигиена за да им помогнат во текот на празничниот период.


-Со оваа традиција сакаме да овозможиме сите членови на нашата заедница и секако најмладите да ја почувствуваат радоста на претстојните празници. Сакаме на сите наши сограѓани да им ги честитаме претстојните празници и да им посакаме добро здравје, среќа и многу успех во годината што доаѓа. Како и секогаш, голема благодарност мора да упатиме до нашите посветени вработени кои се клучни во обезбедувањето успех за САСА и за сите нас, изјави директорот за одржливост во Рудник САСА, Ивица Талевски.



Градоначалникот на Општината, Димчо Атанасовски изрази задоволство што и оваа година рудник САСА продолжува со традицијата на новогодишно дарување која и покрај предизвиците што ги создаде пандемијата, донесе радост кај децата и ќе им помогне на социјално ранливите семејства да ги пречекаат празниците во добро расположение.

-Сакам да искажам благодарност до САСА што го овозможи ова и уште еднаш покажа дека е компанија која се грижи и придонесува за благосостојбата на целата заедница, рече Атанасовски.


Во знак на благодарност САСА обезбеди новогодишни подароци и за екипите на итната медицинска помош, противпожарната бригада и полицијата во Македонска Каменица, како и на вработените во рудникот кои за новогодишната ноќ ќе бидат на работа. Дополнително, сите вработени во САСА, покрај редовната плата, се наградени со новогодишен додаток на плата и пригодни подароци.




52 views0 comments

Comments


bottom of page