top of page
Search
  • zkostadinovska4

Отворен повик за учество на ликовен конкурс за деца 2023


И оваа година, Рудник САСА распишува јавен ликовен конкурс за детски цртежи со мотиви кои се поврзани со работењето на рудникот и неговото значење за луѓето, семејство и локалната заедница.


На конкурсот може да учествуваат сите деца од 5 до 15-годишна возраст кои живеат на територијата на општина Македонска Каменица, како и децата на вработените во САСА на таа возраст.


Ликовните творби треба да се достават најдоцна до 27 ноември 2023 година во Канцеларијата за комуникација со заедницата на Рудник САСА (ул. „Рударска“ бр.28, Македонска Каменица). Вработените во САСА може да ги достават творбите на своите деца во канцеларијата на Службата за персонал.


На задниот дел од цртежот треба да се напишат следните информации: име и презиме на детето; име и презиме на родителот/старателот; датум на раѓање на детето; адреса на живеење и телефонски број за контакт. Со доставувањето на својата ликовна творба, детето и неговиот родител/старател автоматски даваат дозвола дека истата да може се користи од страна на САСА.


До крајот на ноември посебна комисија ќе ги избере најдобрите 12 ликовни творби за кои членовите на комисијата веруваат дека најдобро го преставуваат рудникот САСА и неговиот придонес за луѓето и заедницата. Секој од победниците ќе биде награден со по 3.000 денари. Овие цртежи ќе бидат искористени за изработка за календар за 2024 година кој ќе биде наменет за вработените и соработниците на САСА, како и за други соодветни прилики.

115 views0 comments

Comments


bottom of page