Генералниот директор на Рудник САСА, Скот Јеланд се сретна со членовите на женскиот фудбалски тим „Каменица САСА“, кој е спонзориран од Рудник САСА, пред нивното заминување во Италија, каде на 18 август ќе го одиграат првиот натпревар во рамки на годинешната Лига на шампиони, против тимот на „Јувентус“.
„Среќни сме и исклучително горди на огромниот успех што го постигнавте со повторното освојување на домашното фудбалско првенство што ви овозможи две години по ред да се натпреварувате со најдобрите тимови во Лигата на шампионите на УЕФА. Дополнително сме многу горди што дел од овој шампионски тим е и младата инженерка од САСА, Ана Димитровска. Сигурен сум дека, како и досега, така и на сите претстојни натпревари во рамки на шампионатот, секој од вас и заедно како тим ќе го дадете својот максимум и ќе постигнете нови големи победи кои ќе донесат огромна радост за сите нас во целата заедница и со кои ќе испишете нов лист во спортската историја на земјата“, им порача на фудбалерките, генералниот директор на Рудник САСА, Скот Јеланд, нагласувајќи дека САСА и понатаму, како и досега, ќе биде со нив и со тимот, бодрејќи ги и обезбедувајќи ја неопходната поддршка за нивните натамошни успеси.
Инаку, САСА обезбедува финансиска поддршка за женскиот фудбалски клуб „Каменица САСА“. И за ова учество во натпреварите од Лигата на шампиони, САСА обезбеди средства за набавка на нови дресови и друга неопходна опрема за фудбалерките, како и за покривање на патните трошоци на тимот.
Comments