Search
  • Sasa Mine

Рудник Саса е „Компанија на неделата“ според ССМ

Рудникот Саса се најде на листата прв најдобар работодавач за минатата недела, во избор на најбројниот и најстар синдикат во земјава, Сојузот на синдикати на Македонија.

Сојузот на синдикатите на Македонија спроведува кампања на прогласување на најдобра компанија на неделата.


Меѓу позначајните чекори кои придонесоа за оваа награда од компанијата се неколкуте значајни чекори кои ги презеде рудникот во време на пандемија од Ковид-19.


“Ги зголемивме платите на вработените за пет проценти, исплативме премија на вработените, воведовме дополнителни мерки и протоколи за БЗР поврзани со коронавирусот, а исто така дониравме 125 илјади евра за борба против Ковид-19. Покрај ова, Рудник „Саса“ продолжува со силната и веќе докажаната општествена одговорност“





Компанијата ќе продолжи да биде главен двигател на локалната економија во Македонска Каменица, но и главен покровител на речиси сите спортски клубови, културни настани и манифестации, социјални активности, а и сериозен поддржувач на образованието, здравството и невладиниот сектор.


Еднаш неделно на крајот на неделата, ССМ изготвува соопштение со кое ќе споделува со јавноста за компаниите кои се пример и кои треба да ги следат сите работодавачи во овој период.


Во услови на здравствена криза која не смееме да дозволиме да се претвори во криза на пазарот на трудот, кога голем број на несовесни работодавачи најавуваат отпуштање на работниците, праќање на принуден одмор, намалување на платите, подметнување на спогодби за престанок на работниот однос за кои ССМ континуирано во изминатиот период предупредуваше, сметаме дека е важно да се информира за компаниите кои се пример и кои треба да ги следат сите работодавачи во овој период. Согласно информациите со кои располага ССМ, најдобра компанија оваа недела е Рудникот Саса. Ова е примерот што треба да се следи! Да ги следиме поитивните примери“, пишуваат од ССМ во своето соопштение. 

14 views0 comments