top of page
Search
  • Writer's pictureSasa Mine

Со донација од САСА изградено ново инклузивно детско игралиште

Рудник САСА донираше ново инклузивно детско игралиште кое е лоцирано во кругот на детската градинка „Бамби“ и на Дневниот центар на лицата со посебни потреби во Македонска Каменица. Игралиштето овозможува пристап и за децата со попреченост, со што се поттикнува нивна поголема инклузивност во текот на престојот во овие две установи, како и за рекреативни активности.



Овој проект беше предложен од страна на детската градинка и е дел од годишната програма за поддршка на проекти од значење за локалната заедница, за чија реализација САСА обезбедува континуирана финансиска поддршка.


„Со задоволство ја поддржавме реализацијата на овој проект бидејќи сметаме дека сите деца треба да имаат среќно детство и еднаков пристап и можности за користење на игралиштата и останатите места кои се значајни за нивниот развој и овозможуваат полесна интеграција во општеството“, вели генералниот директор на Рудник САСА, Скот Јеланд.





Инаку, рудникот САСА, преку новоформираната Фондација за поддршка на одржливиот развој, недамна ја потврди својата намера да продолжи да вложува повеќе од 300.000 долари годишно во различни области, како што се: спортот, образованието и животната средина, значајни за животот и просперитетот на луѓето и локалната заедница.




54 views0 comments

Comments


Commenting has been turned off.
bottom of page