top of page
Search
  • Writer's pictureSasa Mine

Шахпаска: САСА работи со најсовремена опрема и според најдобрите светски стандарди за безбедност

Updated: Oct 19, 2021

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на 15.10.2021 престојуваше во работна посета на Рудник САСА. Во рамки на посетата таа оствари средба со членовите на раководниот и техничкиот тим, при што ѝ беа презенирани сите позначајни аспекти од работата на САСА, почнувајќи од произвдството, реализацијата на инвестициските проекти, грижата за вработените, здравјето и безбедноста, условите за работа, заштитата на животната средина и одржливиот развој, па сѐ до проектите за поддршка на заедницата.



Министерката Шахпаска имаше можност и директно да се запознае со работниот процес во рударското окно, каде се сретна со неколкумина рудари.


Откако се запозна со целокупниот производствен процес во САСА, сумирајќи ги имперсиите од посетата на рудникот, министерката Шахпаска изјави: „Со задоволство можам да констатирам дека условите во рудникот САСА навистна се согласно светските стандарди за безбедност. Вработените и менаџментот потврдија дека безбедноста на работните места претставува врвен приоритет за сите во САСА“.


„На вработените во САСА кои работат со навистина најсовремена светска опрема за работа на на ваков вид рудници со подземна експлоатација им посакувам уште многу успеси и многу денови без повреди на работно место“, рече министерката Шахпаска на крајот од својата работна посета, упатувајќи го поздравот „СРЕЌНО!“ до сите рудари и вработени во САСА.








21 views0 comments

Comments


Commenting has been turned off.
bottom of page