НИЕ СМЕ САСА
„Ако не се одгледува, се ископува“
Одржливиот развој е многу важен за нас бидејќи веруваме дека основните метали што ги произведуваме се за доброто на сите.
Одржливоста опфаќа широк спектар на области, како што се одговорното управување, безбедноста и здравјето, грижата и благосостојбата за вработените, за животната средина и за заедниците. Нашите напори во овие области се целосно интегрирани во нашето целокупно работење.
3,227
посетени обуки во 60 сесии
43%
рециклирана (повратна) вода
17,000
Засадени дрвја во последните 10 години
$ 250,000
вложени во заедницата во 2019
ГРИЖА ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
“Грижата за животната средина е трајна обврска во Рудник САСА“
Основни процеси во областа на заштитата на животната средина се мониторингот, мерењето и анализа на влијанија врз водата, воздухот, почвите, проценката на аспектите на влијание врз животната средина од сите процеси, влијание врз, биолошката разновидност, ракување со опасни материи, селектирање и одлагање на отпадот, емисија на „стакленички гасови“ и енергетската ефикасност.
Внатрешните ревизии за перформансите во животната средина во нашиот рудник се вршат често, а имплементирани се и соодветни системи за мониторинг и документирање.
Рудник САСА има воспоставен и соодветно одржуван систем за управување со животната средина што ги исполнува барањата од стандардот ISO 14001:2015, по кој што е сертифицирана уште од 2008 година.
Развиени се сеопфатни системи за управување со животната средина („EMS“), со ISO14001:2015 стандардите кои се почитуваат во САСА (како што е потврдено со ревизијата од 2019 година).
Лидерството и посветеноста кон овие системи се покажува преку нашите активности и пристапот во управувањето, исто така, онаму каде што е можно ги применуваме „IFC и Екватор Принципите“. Изработени се и соодветни планови за постапување во итни ситуации во доменот на животната средина.
НАШИТЕ ВРЕДНОСТИ
БЕЗБЕДНОСТ И
ЗДРАВЈЕ
Безбедноста е наша суштинска вредност и ние сме целосно посветени кон заштита на здравјето и благосостојбата на нашите вработени. Работиме напорно за да ги следиме, процениме и ублажиме сите ризици кои потенцијално можат да и причинат повреда на нашите вработени.
Се стремиме кон тоа секој поединец во компанијата да разбере дека безбедноста е и негова одговорност.
ЕФИКАСНОСТ И ИНОВАЦИЈА
Го охрабруваме нашиот тим да ги прифати промените и да се посвети и продолжи да ги користи технологијата и иновациите за да ги подобриме нашите операции.
Овој пристап ни помага мудро и ефикасно да ги користиме нашите ресурси за да постигнеме долгорочно одржливо производство.
ОДРЖЛИВОСТ
Преземањето одговорност за одржлив развој е нашата основна цел.
Се стремиме позитивно да влијаеме врз нашите вработени и локалните заедници, притоа минимизирајќи ги влијанијата врз животната средина.
ПОЧИТ И
ДОВЕРБА
Охрабруваме отворена и конструктивна комуникација со членовите на тимот и ја цениме соработката.
Транспарентноста ја постигнуваме преку искрена, правична и отворена комуникација со сите клучни засегнати страни изградена на споделување информации, јасност и точност.
Отворени сме да ги препознаеме нашите грешки и да ги подобриме практиките.
ВРЕДНОСТИ ЗА ЗАЕДНИЦАТА
Компанијата е посветена да им помогне на заедниците во постигнување на одржлив развој, како и во поддршката на младите и најранливите членови на заедницата.
Компанијата има сериозен приод кон потребите на заедницата и се труди што е можно побрзо да понуди соодветни решенија.
Саса продолжува да инвестира и да го поддржува образованието, здравството, животната средина, спортот, урбанизмот, културата ...
Во 2019, САСА доби признание за својот општествен придонес. Компанијата ја доби наградата „Најдоброто од Истокот“, која се доделува на компании кои имаат најдобри општествено одговорни практики во источниот регион на Северна Македонија. Неодамна, од страна на Министерството за економија на САСА ѝ беше доделена и наградата за добро спроведена програма за општествена одговорност, за проектот „Платформа за поддршка на заедницата“