top of page
Search
  • zkostadinovska4

Донација на книги од Рудник САСА за библиотеката во Македонска Каменица

Во чест на годинешната прослава на Денот на рударите и на празникот на градот Македонска Каменица, Рудник САСА донираше повеќе од 200 книги на библиотеката „Крсте Петков Мисирков“. Со оваа донација САСА придонесува за натамошниот развој на оваа јавна библиотека, која нуди над 14.000 книги наменети за читателите од сите возрасти во Македонска Каменица и околината.


Новите книги донирани од САСА беа официјално предадени на 15 август 2022 од страна на претставниците на менаџерскиот тим на САСА и градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски. Барањето за дополнителни едукативни книги и романи за деца и за возрасни беше поднесено од библиотеката.


Пред овој настан, менаџерите на САСА и градоначалникот Атанасовски разговараа за соработката помеѓу рудникот САСА и локалната самоуправа, како и за можностите и идните проекти кои би можеле да произлезат од оваа донација. Ваквиот придонес на САСА ќе го подобри просперитетот на локалната заедница.


Среќни сме што имаме можност, по повод прославата на Денот на рударите, да се сретнеме со градоначалникот на Македонска Каменица и да разговараме за инвестициите на САСА во одржливиот развој. Нашата соработка и реализацијата на проекти се значајни за локалната заедница. Ова беше и добра можност да се предаде најновата донација од САСА за библиотеката во Македонска Каменица. Ова е уште еден показател за силата на синергијата што постои меѓу САСА и заедницата во Македонска Каменица. Ние како компанија ќе продолжиме да инвестираме во проекти во локалната заедница“, изјави генералниот директор на САСА Скот Јеланд.



31 views0 comments
bottom of page