top of page
Search
  • zkostadinovska4

Жените од САСА учествуваа на годинешната трка за промоција на активен животен стил


Претставнички од тимот на САСА учествуваа во 11-то издание на „Авицена Женска трка“, што се одржа на почетокот на април во Скопје.


Во годинешната трка долга три километри учествуваа над 3.000 жени, што е рекорден број во однос на претходните години. Основна цел на трката е промоција на активниот животен стил и неговото значење за здравјето и виталноста. Секоја година оваа трка се организира во соработка со Националното здружение за помош и поддршка на лицата со мултипла склероза.


Сите ние во САСА сме многу горди на нашите колешки кои зедоа учество во годинешната трка и беа нашите амбасадори во поддршката и охрабрувањето на жените кои се борат со мултипла скероза. Преку оваа активност, ние како компанија испраќаме многу значајна порака за потребата од зголемување на јавната свест за борбата со ова тешко хронично заболување во нашата земја.



122 views0 comments
bottom of page