top of page
Search
  • Writer's pictureSasa Mine

Започна новиот циклус бесплатни обуки во Тренинг центарот на Рудник САСА





Од денеска, 11 млади лица ќе имаат можност да ги зголемат своите знаења и да стекнат практични вештини од областа на електротехниката и машинството, преку обуката која во следните три месеци ќе ја посетуваат во Тренинг центарот на Рудник САСА.


Обуката ќе биде со физичко присуство, со почитување на сите безбедносни протоколи и превентивни мерки за заштита од Ковид-19, а ќе ја изведуваат искусни предавачи и обучувачи од Рудник САСА и надворешни партнерски компании.




За да учествуваат на обуката, кандидатите требаше да се пријават на огласот што беше објавен од компанијата и воедно да ги исполнуваат следниве минимални услови - да имаат соодветно средно образование, да поседуваат организаторски способности и да се прилагодливи на тимска работа.


Учесниците кои успешно ќе ја поминат обуката ќе добијат соодветни сертификати кои се признаени од државата, а оние што ќе покажат најдобри резултати во текот на обуката ќе се стекнат со дополнителни поени при аплицирање за работа во рудникот САСА. Во текот на траењето на обуката учесниците ќе добиваат месечен надоместок од компанијата за покривање на нивните трошоци.





Овие обуки, како и работата на Тренинг центарот, се дел од стратешка определба на Рудник САСА за континуирано вложување во областите кои се значајни за просперитетот на локалната заедница, како и во ресурсите кои обезбедуваат продолжување на работниот век на најголемиот рудник за олово и цинк во земјата.


52 views0 comments
bottom of page