top of page
Search
  • zkostadinovska4

Избрани 24 творби од ликовниот конкурс за детски цртежи за 2023 година

Поради големиот број ликовни творби кои оваа година се пријавија на конкурсот за детски цртежи поврзани со работењето на рудникот и неговото значење за семејството и заедницата, Рудник САСА одлучи двојно да го зголеми бројот на цртежи кои ќе бидат искористени како новогодишни илустрации.



Од вкупно 138 ликовни творби кои беа пријавени на годинешниот ликовен конкурс,  наместо 12, колку што беше претходно планирано, направен е избор од 24 цртежи кои ќе бидат искористени како илустрации за календарите на САСА за 2024 година. Како и минатата година, останатите пристигнати цртежи на конкурсот ќе ги красат новогодишните честитки што ќе бидат испратени на  вработените, соработниците и партнерите на Рудник САСА.


Коментарот на комисијата што го правеше изборот е дека сите цртежи што пристигнаа на годинешниот ликовен конкурс се навистина прекрасни и на најубав начин прикажуваат како децата го доживуваат рудникот САСА и влијанието од неговото работење врз нивните семејства и заедницата. Од срце им благодариме на сите деца што учествуваа на конкурсот и ги охрабруваме и понатаму да го развиваат својот талент.



Ова е втора година по ред во која Рудник САСА објавува конкурс за ликовни творби од деца на возраст од 5 до 15 години кои живеат во општина Македонска Каменица, како и од деца на вработените во САСА, а неговата основна цел е да се поттикне креативноста и развојот на талентот кај децата од локалната заедница.

23 views0 comments
bottom of page