top of page
Search
  • zkostadinovska4

Отворен новиот Центар за обука за вработените во САСА

Следејќи ја својата стратегија за континуирани вложувања во развојот на човечкиот капитал и постојано унапредување на знаењата и вештините на вработените, Рудник САСА отвори нов Центар за обука на своите вработени.



Новиот центар се наоѓа во објектот каде е сместена и Канцеларијата за комуникација со локалната заедница на улицата „Рударска“ бр.28 во Македонска Каменица. Со тоа што центарот е лоциран во градот, наместо во рудничкиот комплекс, ќе им овозможи на вработените да се оддалечат од своите секојдневни работни обврски и целосно да концентрираат на темите што ќе бидат презентирани во рамки на обуките.



Во него е инсталирана современа опрема која овозможува да се вршат различен вид предавања и презентации на повеќе јазици, од страна на експерти од нашата земја и од странство. На ваков начин, вработените во САСА добиваат можност да ги прошират своите постојни и да стекнат нови знаења од повеќе области.

Покрај овој Центар за обука на вработените, кој е наменет за развој на „меки“ вештини, САСА располага и со Тренинг-центар во кој, според сертифицирана програма се врши практична стручна обука на ученици и други лица кои не се вработени во САСА, а кои имаат желба да ги усовршат своите практични вештини во области кои се поврзани со технолошките процеси во САСА.

94 views0 comments
bottom of page